среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Притисокот за бугарскиот диктат за уставни измени е всушност бранење на руските позиции во бугарската политика – власта нè прави заложници

Мицкоски: Притисокот за бугарскиот диктат за уставни измени е всушност бранење на руските позиции во бугарската политика – власта нè прави заложници

Зошто зборувам за бугарски диктат, затоа што нашиве се жртви на руските интереси на Балканот, затоа што македонскиот идентитет два пати во минатото е жртва на руските интереси на Балканот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.

Тој објасни за што станува збор.

„Еднаш со Стан-стефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа: „Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледксиот договор и кога се договориле Тито и Горги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефиниарно коај е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 авхуст 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јзаик и имаш културни институции и тогаш“.

Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање е само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“.

Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале.

-Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, авие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“

Мицкоски заклучи „дадов историста ретроспектва и жалам што денес во 21 век има земји дел од ЕУ кои се повторно заложници на руските интереси на Балканот“.

Најнови вести