вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО 2024

Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО 2024

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети.

Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија.

Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин.

Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.