среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Новинари го прашале Белингам кој е најдобар играч на светот, тој со одговорот „купи“ многумина

Новинари го прашале Белингам кој е најдобар играч на светот, тој со одговорот „купи“ многумина

Џуд Белингам не престанува да воодушевува на почетокот на својата епизода во мадрискиот Реал, каде со 8 голови е моментално прв стрелец на овој тим во новата сезона.

По уште еден маестрален натпревар вчеравечер, новинарите му поставиле прашање на Белингам кој е моментално најдобриот фудбалер на светот.

Иако многумина би го навеле токму него, Белингам не мисли така туку таа „титула“ му ја предал на својот соиграч од Реал Мадрид.

„Винисиус е неверојатен. Тој е најдобар играч на светот од моја гледна точка. Тој е еден од најталентираните фудбалери со кои сум играл. Поради него натпреварите ми се полесни. Неговата брзина и талент се одлични“, изјавил Џуд за шпанскиот „AS“.

Реал Мадрид вчера славеше на тешкото гостување кај Наполи со 3:2, а токму Англичанецот беше стрелец на еден од головите. Тоа е неговиот 8-ми погодок за „кралевите“ во 9-от настап, а има забележано и 3 асистенции.