Екипата на Милвоки Бакс успеа да направи огромен трејд во кој Демијан Лилард заврши во Бакс, а тоа очигледно беше доволно за да го убедат Јанис Адетокумбо дека вреди да остане во Висконсин до крајот на кариерата.
Според американските медиуми, Адетокумбо има уште две години од договорот со Милвоки, а потоа ќе потпише четиригодишна соработка вредна 233.000.000 долари, иако рече дека нема смисла сега да се потпишува нова соработка.
Парите не се важни, но многу пари се важни! Така што ќе потпишам договор следната сезона, сега нема смисла. Сакам да бидам во Милвоки до крајот на мојата кариера како што победуваме. Едноставно е, истакна Адетокумбо.