сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд: Пеп ми рече дека ќе ме претепа

Халанд: Пеп ми рече дека ќе ме претепа

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд за првпат проговори за процесот на преселба од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити.

Тој пристигна во Англија минатата година за 60 милиони евра. Веднаш го покажа сиот свој неверојатен талент, и со новиот тим ја освои тројната круна.

„Пеп навистина бара многу, се работи за многу нешта. Кога разговаравме пред реализацијата на мојот трансфер, тој посебно ми нагласи дека е важно да бидам фокусиран на тренинзите. Тој рече дека ќе ме претепа ако не го почитувам тоа, а сè друго е помалку важно. Така е со него и Манчестер Сити, затоа и се толку успешни. Има притисок, но тој е присутен и индивидуално и тимски. Се бара максимално внимание на тренинзите, бидејќи остатокот од денот го поминуваме во одмор“, рече Халанд.