четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Околу 1.000 терористи се инфилтрирале во Израел на 7 октомври

Околу 1.000 терористи се инфилтрирале во Израел на 7 октомври

Од 800 до 1.000 терористи преминале на израелска територија преку околу 80 дупки во оградата на границата со Појасот Газа на 7 октомври и нападнале 20 градови и 11 воени бази, соопшти радиото Кан, повикувајќи се на проценки на израелската војска.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека активна борба со терористите се уште е во тек на шест локации во јужен Израел, во близина на границата со Појасот Газа.

На 7 октомври беа лансирани ракетни напади на израелска територија од Појасот Газа. Истовремено, групи милитанти се инфилтрираа во Израел влегувајќи во борба со израелската војска. Набргу потоа, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ја започнуваат операцијата Железни мечеви како одмазда за нападот од палестинската ексклава.

Под овие околности, министерот за одбрана Јоав Галант одобри повик на резервисти и прогласи „посебна безбедносна ситуација“ низ целата земја.