среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Давитков го објави списокот за втората фаза од квалифиациите за ЕП 2021

Давитков го објави списокот за втората фаза од квалифиациите за ЕП 2021

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за втората фаза од квалификациите за ЕП 2021 година.

Давитков го закажа првиот собир на 31 август, со почеток во 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Македонија за противници ги има селекциите на Косово и на Романија. Првиот дуел ќе го играме на 13 септември на гости против Косово, а три дена подоцна е дуелот со Романија на домашен терен.

Список на повикани кошаркари за прв собир:

1. Војдан Стојановски
2. Дамјан Стојановски
3. Александар Костоски
4. Дарко Соколов
5. Адем Мекиќ
6. Бобан Стајиќ
7. Андреј Магдевски
8. Ненад Димитријевиќ
9. Димитар Караџовски
10. Стојан Ѓуроски
11. Предраг Пајиќ
12. Бојан Трајковски
13. Марко Симоновски
14. Кирил Николовски
15. Љубомир Младеновски
16. Бојан Крстевски
17. Андреј Маслинко
18. Ричард Хендрикс
19. Шејн Витингтон.

(Миа)