Тензиите меѓу Израел и Палестинците постојат уште пред основањето на нацијата во 1948 година. Илјадници луѓе од двете страни загинаа, а уште поголем број се повредени во повеќе деценискиот конфликт.
Годинава бројот на загинати Палестинци во окупираниот Западен Брег и елиминирани Израелци во палестинските напади е највисок во изминатите речиси две децении.
Израел и Хамас војуваат уште од Првата палестинска интифада во 1987 година против израелската окупација на Појасот, Газа и Западниот Брег.
Израел го зазеде Појасот Газа од Египет во војната во 1967 година, а потоа се повлече во 2005 година. Малата територија, дом на околу два милиони Палестинци е под контрола на Хамас од 2007 година по кратката граѓанска војна со ривалската палестинска фракција Фатах, кој владее со Западен Брег.
Откако Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, Израел и Египет воведоа строга опсада на територијата, која е во тек. Израел, исто така, воведе воздушна и поморска блокада на Појасот Газа.
Пред операцијата во саботата, последната војна меѓу Хамас и Израел беше во 2021 година, која траеше 11 дена, при што загинаа најмалку 250 луѓе во Појасот Газа и 13 во Израел. Нападот се случи еден ден по 50-годишнината од војната во 1973 година, кога Египет и Сирија го нападнаа Израел на најсветиот ден во еврејскиот календар – Јом Кипур.