Лоши вести стигнуваат од таборот на евролигашот Виртус Болоња. На италијанскиот кошаркар Ахиле Полонара му бил откриен тумор на тестисите и тој ќе мора да замине на итна операција.
Информацијата ја соопшти управата на клубот и му посака брзо опоравување на нивниот играч. Полонара летово пристигна во Болоња од редовите на Жалгирис и требаше да биде солидно засилување за италијанскиот тим.
Ахиле Полонара е репрезентативец на Италија, а со Виртус Болоња веќе успеа да освои еден трофеј, оној од домашниот Суперкуп. 31-годишниот крилен центар во кариерата настапуваше уште за Терамо, Варезе, Реџана, Динамо Сасари, Басконија, Фенербахче, Анадолу Ефес и Жалгирис.