вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хоселу: Белингем ќе влезе во историјата на Реал

Хоселу: Белингем ќе влезе во историјата на Реал

Реал Мадрид игра добро во Примера и Лигата на шампионите, а голема заслуга за тоа има летното засилување Џуд Белингем кој игра ефикасно во двете конкуренции, дава голови и бележи асистенции.

Сега Хоселу го тера вториот „мандат“ во Реал и е многу близок со Белингем за кого е убеден дека ќе испише историја.

-Белингем е играч кој има многу да се развива бидејќи е роден да игра за Реал Мадрид. Ни дава нешто поразлично од играч од средниот ред или плејмејкер, како сакате наречете го. Тој е играч кој застана на нозе и внатре во соблекувалната и надвор, тој е многу сакан од навивачите и од нас, поради неговиот начин на живот. Тој е играч кој ќе направи многу добри бројки и ќе влезе во историјата во Реал Мадрид. Многу скромно момче, кое се труди да разговара со сите. Многу комуницирам со него бидејќи зборувам англиски. Се трудам многу да се дружам со него. Тој е многу вредно момче, има 20 години, но изгледа како да има 30. Има неверојатна зрелост и знаење, -вели Хоселу кој посочи дека Џуд се обидува да го научи шпанскиот јазик.