Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и дека Израел „никогаш нема да ги заборави овие страшни дејствија на непријателот“.
-Ги напаѓаме нашите непријатели со невидена сила, ова е само почеток, рече Нетанјаху.
Тој додава дека Израел собира „огромна меѓународна поддршка“ за својата земја.
-Ќе го искорениме Хамас и ќе победиме. Нагласувам, ова е само почеток. Нашите непријатели само што почнаа да ја плаќаат цената. Сега нема да зборувам за она што допрва доаѓа, но би сакал да ви кажам дека ова е само почеток , изјави тој на кратка прес-конференција.