среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АРМ ги поканува граѓаните утре на изложба на борбени средства и опрема, ќе може да се дегустира и војничко гравче

АРМ ги поканува граѓаните утре на изложба на борбени средства и опрема, ќе може да се дегустира и војничко гравче

По повод одбележувањето на Денот на АРМ, утре 18-ти август 2018 година (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10.00 до 14.00 часот, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ, збогатена со голем број на активности на припадниците на АРМ.

-Армијата на Република Македонија ги поканува граѓаните на Скопје и Република Македонија да го посетат тактичко-техничкиот збор каде ќе имаат можност покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, да се запознаат и со армискиот хеликоптер Ми-8/18, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.

Како дел од програмата ќе бидат прикажани и борбените вештини на припадниците од баталјонот за специјални намени „Волци“, точката „Егзирцир“ на баталјонот за почести, прелет на хеликоптер Ми-8/18, приказ на обученост на службените кучиња на АРМ и изведби од воениот оркестар.

За време на активноста посетителите ќе имаат можност да дегустираат војнички приготвен грав од припадниците на логистичката бригада или да проверат крвен притисок од страна на припадници на воено медицинскиот центар.

Изложбата во 11.00 часот на воениот стадион ќе ја посетат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски.

Најнови вести