среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Курир ексклузивно дојде во видеото од денешното пукање во Ист гејт мол.

На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

– Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

Инаку само пред три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека речиси целосно ги разбил криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир.

Но, сепак денешното пукање е уште еден доказ дека Македонија е како див запад и дека граѓаните не се безбедни каде и да се движат.

Најнови вести