Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск изјави дека израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, пренесе Скај Њуз, додавајќи дека „молкот на меѓународната заедница е срамен“.
Турскиот претседател вчера ја критикуваше и реакцијата на Западот на израелските напади. Обраќајќи им се на претставниците на неговата партија во парламентот тој кажа дека Хамас не е терористичка организација, туку група муџахедини кои ги бранат своите земји.
-Гаѓањето на нашите палестински браќа, вклучувајќи ги и децата, пациентите и старите лица, дури и во училишта, болници и џамии, е злосторство против човештвото. Солзите на Западот, пролеани за Израел се манифестација на измама, нагласи тој и додаде дека ја откажал својата планирана посета на Израел. (МИА)