понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмасовниот убиец во Русија повторно на суд, го признал убиството на 81 жена

Најмасовниот убиец во Русија повторно на суд, го признал убиството на 81 жена

Поранешниот руски полицаец Михаил Попков (53), кој веќе издржува затворска казна за убиство на 22 жени, денеска се појави на суд поради обвинение за уште 59 убиства.

Попков е осуден на доживотна затворска казна, а доколу се утврди дека ги извршил и останатите убиства, со што нивниот број ќе се искачи на 81, тој ќе биде најмасовен убиец во историјата на Русија.

Светските медиуми пишуваат дека тој признал дека убил 81 жена во период од 18 години.

Тој жртвите ги намамувал во неговиот автомобил во градот Ангарск.