Еден руски војник е ранет во Москва, кога напаѓач отворил оган во близина на Министерството за надворешни работи, јавуваат службите.
Руското МВР објави дека напаѓачот испукал куршуми кон двајца полицајци и дека еден од нив е повреден при тој напад.
Напаѓачот исто така е ранет кога полицајците отвориле оган. Неофицијално медиумите пренесуваат дека станува збор за маж во триесеттите години.