понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пијан битолчанец нападнал лекар од Итната медицинска помош

Пијан битолчанец нападнал лекар од Итната медицинска помош

Пијан битолчанец синоќа нападнал лекар од Итната медицинска помош кој сакал да му укаже лекарска помош.

Триесет и четиригодишниот В.С. во алкохолизирана состојба бил паднат пред кафе бар на улицата „Васко Каранѓелевски“ по што интервенирала екипа од Итната медицинска помош. Кога му било кажано дека треба да го пренесат во Ургентниот центар за да му се укаже помош, тој станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница.

Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за расчистување на случајот.