Само во Кина во време на наjбруталниот комунизам со тенкови се газеа студенти кои не се согласуваа со политиките на власта. Заев и Шилегов сега со багери газат граѓани кои не се согласуваат со нивните политики, обвинува Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.
– Жичарата која е на сите граѓани е исклучена од употреба со соопштение дека се сервисира се со цел да се спречат поголем број на луѓе да се придружат на протестот. Оваа тоталитарна власт дури им забрани и на медиумите да известуваат за овие протести се со цел јавноста да се спречи да дознае што точно се случува на Водно. Лажните душегрижници и борци за чист воздух од власта со месеци ја лажеа јавноста дека шумата на Водно нема да се сече за подоцна да видиме дека откако ја исекоа решија дека треба да ја сочуваат. Шилегов и Власта прават егзекуција на Водно, истакна Попов.
ВМРО-ДПМНЕ повикува власта под итно да прекине со ова дрско и безобразно разбивање на протестите.
-СДСМ треба да знае дека протестот е уставно загарантирано право на секој граѓанин на Република Македонија. Зоран Заев, Петре Шилегов и сите други инволвирани во овие немили настани под итно да престанат да го загрозуваат животот на граѓаните и да им дозволат да го искористат своето право на протест, истакна Попов.