понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Засилување за Лигата на шампионите: Поранешната ѕвезда на Барселона и шпански репрезентативец потпишува за Црвена Ѕвезда

Засилување за Лигата на шампионите: Поранешната ѕвезда на Барселона и шпански репрезентативец потпишува за Црвена Ѕвезда

Бојан Кркиќ и Црвена Ѕвезда преговараат околу евентуално доаѓање на српскиот напаѓач со шпанско државјанство на Маракана.

Оваа вест ја објави каталонски „Спорт“, од таму се уверени дека Кркиќ сака да игра во Лигата на шампионите и да се обиде да ја врати својата кариера.

Шпанците понатаму наведуваат дека трансферот е блиску до реализација и дека доколку се оди како што треба, Кркиќ ќе го облече црвено- белиот дрес. Ѕвезда ја контактирала агенцијата „Васерман“ која го застапува Кркиќ, а одговорот кои го добиле бил задоволувачки.

Кркиќ има договор на две години со Стоук, но тимот не смета на него.

Кркиќ своевремено беше голема млада ѕвезда на Барселона, а има и настап за шпанската репрезентација. Тој беше голем талент од кој се очекуваше многу, но сепак не го покажа потенцијалот на кој сите се надеваа.