петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црвена ѕвезда го отпушти Душко Ивановиќ

Црвена ѕвезда го отпушти Душко Ивановиќ

Раководството на белградскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда вечерва му даде отказ на тренерот Душко Ивановиќ.

Прекинот на разделбата со црногорскиот кошаркарски стручњак доаѓа по серијата слаби резултати на „црвено-белите“ во Евролигата.

Ивановиќ дојде во Ѕвезда во ноември 2022 година. Мината сезона не успеа да избори плејоф во Евролигата по половичниот ефект (17-17 победи-порази).

Во тековната евролигашка сезона, белградските „црвено-бели“ забележаа победа над Асвел на стартот, а потоа следеа три порази (Жалгирис, Монако и Виртус Болоња).

Во српските медиуми како најсериозен кандидат за наследник на Ивановиќ на тренерското место се спомнува Гркот Јанис Сферопулос.  (МИА)