петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Душко Ивановиќ веќе пред нов ангажман ?

Душко Ивановиќ веќе пред нов ангажман ?

Кошаркарскиот клуб Басконија размислува за отказ на тренерот Жоан Пењароха. Стратегот ќе се соочи со ултиматум во форма на триумф над Уникаха во недела во шпанското првенство.

Басконија солидно го започна првенството, со скор од 4-1, но тоа не може да се каже за Евролигата каде што забележи победа само над Алба (1-3). Целата оваа приказна се поклопи со заминувањето на Душко Ивановиќ од Црвена звезда, а шпанските медиуми веќе почнуваат да шпекулираат.

Црногорскиот стручњак на клупата на тимот од Виторија седеше во три мандати: од 2000 до 2005 година, меѓу 2008 и 2012 година, како и од 2019 до ноември 2021 година, кога доби отказ по лошиот почеток на сезоната.

Неговите најголеми успеси со овој клуб се три шампионски титули на Шпанија, како и четири освоени Купови.