среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Откако САД ја скратија, Германија ја зголемува помошта за Палестинците

Откако САД ја скратија, Германија ја зголемува помошта за Палестинците
epa06980443 Palestinian children arrive to their UNRWA school during the first school day at al-Jalazoun refugee camp near the west bank city of Ramallah, 29 August 2018. According to media reports on 25 August 2018, the United States cut over 200 million US dollar in aid to Palestinians in the West Bank and Gaza Strip. US President Donald Trump reportedly ordered the State Department to direct the funds to 'high priority projects elsewhere'. The move comes after the US State Department suspended 65 million US dollar in aid to the United Nations Relief and Works Agency for Palestine Refugees in the Near East (UNRWA). EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Германија најави дека ќе ја зголеми финансиската помош за Палестинците преку Обединетите нации, откако САД решија да скратат 200 милиони долари од помошта со цел да извршат притисок врз палестинското раководство да прифати мировен договор со Израел.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас рече дека американската одлука предизвикала криза во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) на Обединетите нации, која повеќе од половина век им помага на околу пет милиони Палестинци кои биле протерани како резултат на израелско-арапските војни. Поради тоа, Маас истакна дека Германија ќе ја зголеми својата поддршка за УНРВА над предвидените 81 милиони евра.

– Загубата на таа организација може да предизвика неконтролирана верижна реакција, изјави Маас. Министерот, сепак, рече дека Германија не може самата да го покрие кусокот што се создал во буџетот на УНРВА по повлекувањето на американските средства.