Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид по извршениот увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена, издаде наредба за обдукција на починатото лице.
Јавното обвинителство соопшти дека се уште се трага по сторителот.
Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице.