среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Започнува есенско чистење на општина Кисела Вода

Започнува есенско чистење на општина Кисела Вода

Генерално чистење на општина Кисела Вода ќе се одвива во текот на септември и октомври.

Преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, локалната самоуправа ќе спроведе  акции по сите урбани и месни заедници каде ќе бидат ангажирани по околу 25 сезонски работници. Согласно датумот и времето предвидено за одложување на отпадот во одделните урбани и месни заедници, ќе се собира кабаст отпад, ќе се врши генерално чистење на улиците под надлежност на општина Кисела Вода, ќе се врши кастрење на гранки, а ќе се интервенира и во делот на уредување на урбаната опрема на детските игралишта и парковите на територија на општината.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Воедно, потсетуваме дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад. Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад).

Распоредот за генералното чистење на урбаните и месните заедници е следниот:

УЗ ЦРНИЧЕ, УЗ ПРЖИНО                                                  06-07.09.2018, ЧЕТВРТОК, ПЕТОК

МЗ ПОДСТАНИЦА                                                                     11.09.2018,  ВТОРНИК

УЗ НАСЕЛБА ДРАЧЕВО, МЗ СЕЛО ДРАЧЕВО        13-14.09.2018,   ЧЕТВРТОК, ПЕТОК

УЗ 11 ОКТОМВРИ-БАРАКИ,ЗГРАДИ                              20-21.09.2018,  ЧЕТВРТОК, ПЕТОК

УЗ ЦВЕТАН ДИМОВ, УЗ БИРАРИЈА                               27-28.09.2018, ЧЕТВРТОК, ПЕТОК

УЗ КИСЕЛА ВОДА, УЗ РАСАДНИК                           04-05.10.2018,  ЧЕТВРТОК, ПЕТОК

МЗ ПРИПОР, МЗ УСЈЕ                                                    09-10.10.2018,  ВТОРНИК, СРЕДА

МЗ ПИНТИЈА, МЗ СТАКЛАРА-КАМЕНИК              18-19.10.2018,  ЧЕТВРТОК, ПЕТОК