Од страна на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ вчера било пријавено дека на 30.08.2018 година, во периодот од 11.00 до 12.00 часот, на ул.„Владимир Полежиновски“ непознат сторител одзел патничко возило „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на претпријатието.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.