среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Не е безбедно Вучиќ да остане во Косово: Итно откажана посетата на Дреница поради безбедносни причини

Не е безбедно Вучиќ да остане во Косово: Итно откажана посетата на Дреница поради безбедносни причини

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претпладнево објави дека ја повлекол дозволата дадена на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ за посета на регионот Дреница, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Безбедноста на граѓаните е над се. Ја повлеков дозволата издадена од Министерството за надворешени работи за посета на српскиот претседател на регионот на Дреница. Одлуката стапува на сила веднаш, објави Харадинај на Фејсбук.

Одлуката на Харадинај уследи по протестот на неколку стотици ветерани на Ослободителната војска на Косово и жители на Скендерај (Србица) и другите населени места од регионот, кои со камиони и дрва го блокираа патот низ кој треба да помине Вучиќ за да го посети тамошното село Бање, населено со Срби.

Според медиумите, повеќето од демонстрантите се вооружени, а се слушнале и истрели од огнено оружје.

Организаторите на протестот, друштвата на ветераните на Ослободителната војска на Косово, порачаа дека ниеден српски политичар не смее да го посети Косово, се додека не се извини за големите злосторства врз цивилното население во 90-тите години, а нарочито за време на војната во 1998-99 година. (МИА)