четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓеорѓиевски: Заев ветуваше загарантиран откуп и сигурна цена за земјоделските производи, наместо тоа сега го менува името

Ѓеорѓиевски: Заев ветуваше загарантиран откуп и сигурна цена за земјоделските производи, наместо тоа сега го менува името

Василево и струмичко на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ. Илјадници земјоделци мака мачат и не знаат што да прават со она што ќе го произведат, зошто Заев кој ветуваше загарантиран откуп и сигурна цена сега наместо да ги решава проблемите на граѓаните склучува капитулантски договори за промена на името, идентитетот, историјата и културата, рече  Ѓеорѓиевски при посетата во Василево.

Оваа криминална власт не работи за граѓаните, туку само за личната корист на поединци, истакна Ѓеорѓиевски. Тој посочи дека во струмичко најмногу се гледа криминогеноста на Заев,  кој доделил ексклузивна лиценца за спроведување на возачки испити на фирма без никакво искуство во областа, без ден работен ангажман со возила, основана еден месец и половина пред да се распише огласот од страна на другар на Заев од средношколските денови.

Ѓеоѓиевски нагласи дека ова е класичен пример како работи Заев.

Граѓаните кажаа дека се разочарани од оваа власт и дека повеќе од година и половина во Василево нема ниту една инвестиција, дека општината тоне и дека власта апсолутно не ја интересира што тие имаат проблеми со откупот на земјоделските производи, што младите нема кај да работат и што се повеќе луѓе се иселуваат.

Ѓеорѓиевски кажа дека состојбата е иста насекаде низ Република Македонија, а тоа се должи на безидејноста и неспособноста на СДСМ од кои година ипол гледаме само криминал.

Василево и струмичкиот регион страдаат поради лошите политики на СДСМ во земјоделието и економијата, оваа власт нема капацитет да направи нешто за граѓаните и затоа мора да си замине.

Најнови вести