петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

В П Ш  или Н П Ш

В П Ш  или Н П Ш

Во контекст на она, меѓу студентите позната фраза: „се запишав на ВПШ или ваша последна шанса“, можеме да го препознаеме и пред референдумското лудило на власта на СДС. Сепак, и оваа лудило е во контекст на нивната позната тактика на превртени слики.

Токму за овој феномен сакам да пишувам во оваа колумна, колку нели да не биде дека не е кажано и за да бидеме на јасно и на чисто пред неумоливиот и неминовен суд на историјата кој ќе мора да следува како природна законитост. Но, за да се знае и да си знаеме сите ние, а пред се Македонците дека во големата измама и однародување кои ни ги прават, целата вина и историско предавство ќе се обидат да ја префрлат врз Македонскиот народ (народот во кој нели се колнат и за чие добро нели дојдоа на власт) кој ете самиот избрал да се самоукине, а политичката одговорност да ја префрлат врз ВМРО-ДПМНЕ, токму во контекст на последната шанса и не препознавањето на шансите. Всушност се е една голема лага, манипулација, извртена слика, поместени и превртени вредности на една група неранимајковци и национални предавници, крадци и тендер манги кои глумат загрижени демократи за напредокот на државата, а зад фасадата на НАТО и ЕУ ги кријат својата неспособност, безидејност и најмногу арамилак или „тендерманија“кој секојдневно ни се случува пред наши очи.

Драги мои Македонци и граѓани на Република Македонија за да ни биде појасна играта на непрокопсаните, потребно е да си знаеме дека ова ВПШ, не е наша последна шанса за влез во ЕУ и НАТО, туку дека е НПШ или нивна последна шанса. Нивна последна шанса за какво-такво политичко преживување и не одговарање за стореното велепредавство, а потоа и за сиот арамилак кој го направија последнава години и нешто повеќе, а се под изговор дека „посветено“ работат за евро-атлантски интеграции на Македонија. Полна уста фалби за ништо, а само заради сопствено политичко преживување.

За да биде трагедијата поголема и создавањето на превртени слики поефективно, заради наше замајување секојдневно гледаме театар во режија на СЈО, а во изведба на псеудо актерската група на СДС и Кацарска. Овој судиски лик, спроведува селективна правда, дискриминација и тренира строгост врз поранешниот премиер и министри газејќи ги и тоа тврдам дека го прави потполно свесно, сите норми и вообичаени судски практики. Тоа е дел од сценариото за НПШ, да се заплаши народот колку државата може да биде „ефикасна“ и некомпромисна кон поединецот па дури и тој да бил поранешен премиер или министер. Нам тоа ни е јасно и секако дека барем Македонецот добро знае што е тортура и слабост на поединецот пред државата. Но, доколку под нивната маска за „расчистување со криминалот“ не беа селективни и го уапсеа роднината на Груби осомничен за убиство на Саздовски, а кого успешно го кријат и до кого Спасовски не може нели да дојде (патем кажано многу лесно имењакот му „скрои капа“ на Лазе Велковски, а тоа покажува многу), тогаш ќе верувавме во не селективноста и тогаш ниту Груби ќе смееше да дава изјави од типот дека „договорот со Грција ги засега Македонците и тие губат, ние ништо не губиме“. Дури и оваа ноншалантна изјава на Груби ни покажа многу. Изјавата ни покажа дека за оние кои разбраа (а не се сомневам во интелегенцијата на Македонецот) Груби ни кажа дека договорот е штетен, но за нас Македонците, не и за Албанците. Понатаму, Груби ни кажа и дека  тој може да прави што сака и да дава политички изјави какви што сака. Потоа ни кажа дека воопшто не е засегнат за судбината на државата Македонија иако е пратеник во нејзиното Собрание. И, така ни кажа многу работи и јавно и затскриено. Сега останува на нас да перцепираме, да разбереме, да ни биде јасно и да одлучиме дали ќе им помогнеме на непрокопсаниве од ѓон СДС предавничка да ја добијат НПШ.

Во целата оваа бара која ја матата за да ја остварат нивната НПШ, оној ѓон Црпко врховниот предавник истрча со поставување на бројчаници на порта Македонија, многу силно остварување на предизборните му ветувања, а 500 евра просечна плата и тоа беше ветено нели и правна држава и немање корупција и тендер манги и слично и уште многу беше ветено, но само бројчаникот се оствари како проверен популистички чекор и начин за испраќање пораки. Така, ѓон Црпко велепредавник, ни испрати неколку пораки со бројчаникот. Прво, дека не го интересираат криминалите на неговите министри (впрочем тоа му е исто така предизборно ветување кон нив самите, дека ќе им дозволи да си местат тендери и да си крадат), но да го потсетиме дека Србите имаат една убава поговорка: „Ничија није горела до зоре“, па и нивната на ѓон Црпко и ѓон СДС предавничка нема да гори вечно и ќе им се стемни. Второ, дека ни најавува скорешни пресуди од другарка му Кацарска и Катето специјалката за обвинетите од СЈО, па се подгтовува јавно да се фали со успесите на независното судство преку измислени бројки. Во овој контекст би прашал. „Дали е подготвен Заев така јавно да ги врати парите заработени по принципот евро ваму евро таму и тоа да го објави на бројчаникот. Трето, да не потсети дека формира порта (ѕид) на срамот на кој секого може да закачи па дури и низ бројки, јавно одбележувајќи го како арамија во истиот миг кога неговата Кацарска и СЈО тоа ќе го решат формално правно. Но, како што се вели, тоа што го прави на другите надвор од нормалните судски постапки ќе го стигне и него, а овој лик под илјада маски е далеку од демократ колку и да звучи невино. За само година и малку повеќе негово владеење се случија илјадници финансиски афери и милион криминали, нерасчистени убиства и други арамилаци кои упорно медиумски и со глумење наивност, демократија и лажна скромност зад фасадата на НАТО и ЕУ се обидува да ги сокрие не само од граѓаните туку и од неговите „пријатели“ од меѓународната. Четврто, дека сме подложни на правосуден удар сите ние поединечно, без разлика дали активно или пасивно даваме отпор на НПШ (референдум, однародување, предавство и сл.). Во тој контекст дури и Спасовски јавно ги нападна активистите од Бојкотирам. Ете ја на дело нивната демократија, ќе се закануваат на секого кој им ја попречува нивната последна шанса за политички опстанок. Ами нивната кожичка е во прашање и тука нема компромис, каква демократија какви човекови слободи и права, каков патриотизам какво членство во НАТО и ЕУ, се е тоа фарса кога нивната кожа е во прашање и затоа со сите сили сакаат да ја остварат НПШ.

Како врв на не вкусот е токму обидот да аналитичарите кои се про ѓон СДС предавничка не убедат дека целата оваа операција за денационализација на Македонскиот народ и уривање на државата Република Македонија не е НПШ, туку дека е токму ВПШ, односно наша зборувајќи ни дека ова е последна шанса за Македонија. Безобразно до бескрај. Вообичаено за ѓон СДС предавничка да ни создаваат превртени слики за да се фатиме на мамецот.

Во меѓувреме, психолошката машина ќе започне со мелење на мозоците, па дури и со „поддршка“ од надвор за да не убедат како е добро да си го смениме вековното име и да исчезнеме од листата на нации иако сме мал, но стар европски народ. И сето тоа ќе ни го прават убедувајќи не и велејќи ни дека ова е ВПШ за членство во НАТО и ЕУ, а всушност и тие од надвор добро знаат дека ова е НПШ за ѓон СДС предавничка. Во ова невреме до 30-ти септември ( а токму 30-ти септември е добар и убав ден да правиме ајвар и ставаме вино односно да се потсетиме на традицијата во домашни услови) сешто ќе се обидат да ни направат и ќе не заплашуваат и ќе апсат и ќе пресудуваат и ќе се закануваат и ќе тормозат и ќе прават тортура и сето тоа со амин од надвор и во името на демократијата или демонократијата не разбирам баш. Во следниот период до 30-ти септември ѓон Црпко и неговата предавничка влада нема ништо друго да работат освен да трчаат низ татковината и да притискаат да ја реализираат НПШ, да си самооправдуваат предавството и тоа безполезно трошејќи наши – народни пари, а во тоа се неприкосновено најдобри.

Затоа во пракса ќе може да ги видите покрај удбашко-комунистичките методи на делување и познатата матрица на работење на СДС предавничка и другите нивни неспособности, повторно нема учебници навреме (кратко ова летото), нема превоз за учениците (неможеа да се договорат за тендерите), ќе нема греење во училиштата, неплатени сметки од локалните власти на ѓон СДС предавничка и колапс на локалната самоуправа, Скопје се гуши во смет и многу други такви секојдневни работи кои всушност ни го отежнуваат животот, а го покажуваат вистинското лице на ѓон СДС предавничка. Ете затоа велам дека се во нивната политика е лага и фасада направена од декларација дека се за НАТО и ЕУ. Ете затоа и кампањата им се води со лажливо мото „За Европска Македонија“, како Македонија да е во Африка а не во Европа и воедно лулка на европската цивилизација и почеток на словенската писменост и Богопознание. При очи не прават слепи и при уши глуви, а при памет сакаат да не направат глупави и да им ја дадеме НПШ на наша штета и штета за идните генерации. Во тој контекст ќе не посетуваат меѓународни емисари да ни кажат дека тоа е ВПШ, а никаде нема да зборуваат за НПШ и последиците врз нас како Македонска нација и држава.

Затоа Македонци, умно, со историска одговорност во себе за пред минатите и идните генерации, со потполно искористување на демократското право да се излезе или не, да се одговори со да или не. Иако, сентенцата на Мицкоски од пред некое време беше доста јасна, но добро е да се потсетиме на неа: „Понекогаш е подобро да не се даде воопшто одговор, отколку да се даде штетен одговор“. На нас е да размислиме и со лична одговорност да одлучиме дали воопшто ќе дадеме одговор, а истиот да не предизвика било каква штета, не обична туку историска штета која нема да може да ја поправиме, особено не нашата генерација, а што треба да го имаме на ум.

Нека ни е вечна татковината Република Македонија и честит денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември.

Вонреден професор д-р Оливер Андонов