понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Made in Macedonia“ заминува во историјата: Потеклото на производите ќе содржи придавка и фуснота

„Made in Macedonia“ заминува во историјата: Потеклото на производите ќе содржи придавка и фуснота

Потеклото „Мејд ин Маседониа“ (Made in Macedonia) кај македонските производи ќе се замени со епитетот „македонски“, но и со посебна фуснота на која ќе се добјаснува дека „производот е од Северна Македонија“. Вака е предвидено во трговскиот дел од преспанскиот договор со Грција, пишува „Фактор“.

Според Бојан Маричиќ, советникот за европски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев и технички преговарач со ЕУ, прашањето околу „мејд ин маседониа“ станало актуелно  кога Заев изјавил оти Македонија нема да има ексклузивност на ова потекло.

-Познатиот напис „Made in Macedonia“ се заменува со зборовите „македонска конфекција (облека) “, или „македонско вино“, на пример, но, ќе има и посебна ознака дека производот е од Северна Македонија, според она што треба да биде спроведено по ратификувањето на договорот од страна на двете страни, вели Маричиќ.

Тоа во превод значи дека ако во Македонија се произведени панаталони кои се продаваат надвор, на нив ќе стои дека станува збор за „македонка облека“, а ќе биде додадено дека производот е од Северна Македонија

Инаку премиерот Заев пред три дена потврди дека грчките компании ќе имаат право да го превземат „Made in Macedonia“, но само ако го исклучат „Made in Greece“.

Најнови вести