недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците подготвени за мировни разговори со САД

Талибанците подготвени за мировни разговори со САД

Талибанското исламистичко движење во Авганистан најави дека ќе испрати делегација во САД на разговори за прекин на огнот и размена на заробеници.

САД војуваат со талибанците од 2001 година, по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Коалицијата предводена од САД го освои Авганистан набргу по нападите и ги порази талибанците, кои сепак продолжија со герилска војна и се уште контролираат големи делови од земјата.

Според најавите, талибанците би испратиле делегација од три до четири претставници во САД, чија задача ќе биде да видат дали Американците имаат искрени намери да се стави крај на долгогодишната војна.

Талибанците одбиваат да водат преговори со авганистанската Влада и инсистираат на контакти директно со САД.