петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Евтина тиранска драма на Рама

Евтина тиранска драма на Рама

Стара фора, нова будала. Вака со четири збора може да се опише новата драмолетка на театралниот Еди Д’Рама, кој ќе го репризира ступидниот серијал од  „Ш“ продукција со работен наслов „Тиранска платформа“. Ни будалата (народот/аудиториумот) не е така нова, за жал. По скоро 6 години пауза, сега со нов големоалбански перформанс, Еди со белите адидас патичиња ќе крчи пат за внос на Бугари во македонскиот устав и ништење македонска историја?!

По проверениот рецепт за смена на името и докажаната асистенција при „скорот“ со инсталацијата на Заевата лузерска влада во 2017-та, бедна антимакедонска направија  на која ни Шарената дееволуција не и помогна да се довлечка до власт, сега Еди Драма пак ќе асистира, овојпат на престолонаследникот Ќуран Црпков. Оти, исто ко и ајвароносецот Заев, така и Таче нема сила ни ум за да направи нешто сам, башка со тапија е трајно неспособен. А Големот брат Еди од два метра е веќе докажан „олеснувач“ на злодејанијата на пишпириците од племето на северните Црпковци. Кој од нива, кој од финансии…

И сега? Сега ќе не делат, сечат и политичка криза ил војна ли ќе имаме ако Бугари на ниво на статистичка грешка од 0.2% според попис не внесеме во устав? Ќе се обединуваат ли сите Албанци кои според истиот тој попис се зголемени на нереална бројка, исто ко и Бугари? Ќе играат ли пак сите заедно во орото на Соросовото првенче Еди Драма затоа што тој треба да им учини на браќата демек европски Бугари за да повторно ги понижат Македонците? Ајт, сиктер таму, проѕирни сте ко струја-бизнисите на Заев, Али и Таче…

А Еди на Сорос, тој дефинитивно пак Тирански ќе не „убедува“ ко што не’ убедуваше за сефте-владеењето на Заев, па за идиотскиот „Француски“ предлог, па ќе видиме Алиевци, Селовци и компанија на најјако пуштени, та албански химни во собрание пеење, народ на улици вадење, па се до киднапирање на еден Кастриот за Црпко трон да предаде на Црпко втори? Те тера да се запрашаш, абе тие да не се еден народ со Бугарите, некако исто мегаломански, шовинистички и антимакедонски размислуваат? А, богами и иста територија милуваат. Упс, проблем Рама-Радев…

И така, си ја стартуваме оваа 2023-та година со големоалбански апетити, ултра-шовинистички грчки глупоштии за македонски јазик кој се зборувал само на неколку квадратни километри (ѓоамити е ендемска охридска пастрмка, а не жив јазик), Бугари кои продолжуваат фашистички континуитет на геноцидни негации на се’ што е македонско и ко шлаг на торта, со Тачева потпушувачко-сервилна банда на власт, Едиповска сурија со Електра комплекс која нема никаков проблем да и ја е.е мајката на татковината. Само и само за да остане на власт Таче со раче на тендери и пристап до народно азно…

Ништо ново, нели. Оти, за Македонецот среќата е променлива, а несреќата постојана, ко што вели Петре М. Андреевски.

Туку, ајде, за промена да излеземе од овој фаталистички македонски дефетизам. Знаете она, „Што да правиш, што ќе правиш, тоа ти е“ и онаа глупава и срцепарателна „Така ни било пишано“ фатумска фраза. Нити така ни било пишано, нит тоа е тоа, нити мора така да остане. Не постои судба или фатум, сами си ги кроиме. Ајде, да не паѓаме во онаа позната македонска меланхолија и апатија, па залегнати пред Тв или компјутер со дијазепамче и ракивче в рака да си кукаме над „црната судба“, тиранијата и несреќата пуста која не навасала. Нити ќе не сменат, нити променат, најмалку ќе не’ унишат. Можат само да ни се фатат, ама да не одат далеку…

Сепак, ајде да сториме нешто во оваа 2023-та и да не го злоупотребуваме фактот што сме Пиреј. Пирејот опстојува затоа што е инванзивен, освојува, не се ништи и жилаво виреее и непослушно битисува само затоа што со сите сили се бори и не се дава на погромот, не дека лежи по дома и во депресија на апови кука и лелека над црната судба што го зафатила. И да, Македонија е вечна, ама време е да престанеме да се возиме и на таа карта. Крајно…

Затоа, за промена, 2023-та нека биде година на акција, промените и убавите работи не доаѓаат сами, нели. А ТРОЈКАТА ни е историски и македонски среќна и горделива бројка на промени и македонштина. 23-ти октомври 1983-та, па 1903-та. Ова  е златна година на 120-годишнината од Илинденското востание и 130-годишнина од ВМРО, од будењето.

Убав повод за будење и враќање на МАКЕДОНИЈА, поубав здравје…