четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Марсовската одисеја на Слави Трифонов, Заев и Каракачанов

Знаеме чуму кравата отишла во вселената – за да трча по Млечниот пат, Мики Маус за да го најде Плутон, дознаваме и дека најомилен филм на Сатурн му е „Господарот на прстените“, како и дека Љупче Путерот букирал соба на Месечината зашто била „полна“, но се’ уште е мистерија зошто една татаро-северџанска астронаутска тројка летнала на Марс. Дилема е и чуму астронаутот Каракачанов и на Марс, на 373 милиони километри од Земјата, и натаму ко слеп за стап лажел дека македонскиот јазик е бугарски, Слави ко навиен верглал дека сме с’шти народ, а Заев нон-стоп и на Марс употребувал во секоја реченица едно измислено, имагинарно и суртучко „уставно“ име за својата татковина??? Можеби, поради тоа што таму немало „атмосфера“, па по навика си треселе зелени меѓу малите Зелени, за да ја направат? Атмосферата...
Марсовската одисеја на Слави Трифонов, Заев и Каракачанов

Прекрасна идеја на Слави. Замислете само како Трифонов, Каракачанов и Заев во бугарска „вселенска“ шклопоција ала „Ко то тамо пева“ летаат кон Марс? Не сум баш сигурен во нивните астронаутски способности, но дефинитино имаат предиспозиции. И тројцата кандидати како да се „паднати од Марс“…

Комплексите си се комплекси, знаеме. Најлошо, пак, велат дека било кога на најискомплексираниот лик ќе му дадеш власт. Да, така велеа и во војска. И беа во право. Најлошиот десетар секогаш беше наголемиот копук, кој преку врски го наместиле таму. Така и ЗЗ. Така и Слави, чедото бугарско кое втор пат СЛАВИ Пирова победа на избори. Ај што не може влада да оформи, па уште со астрономија и историја се занимава.

Суртукот кој се бави“ и со погрдни имиња на соседни нации и кој во минатото се занимавал со татарски турбо-фолк и правел бугарски пародии на хеви-метал бендови, па бил ТВ водител, сега стана и најшеговит националист  во светот. Арно ама, искомплексираното чедо од Плевен заборава дека политиката не е шоу-програма. Таква, гола и сирова збирштина на идиоти, политиката може да б’де само во Бугарија и в’ф Македонија.

Искрено, но кога ќе размислите, Слави и Зоран се створени за дует. Слободно можат да се фатат под мишка и да тераат смешки до утре сабајле. Абе, цепки ќе бидат. Слави ќе тресне зелена, Зочето уште позелена, Трифонов гафче, Заев гафиште ипол, плевенецот црн бисер, муртинецот црн рафал бисери. И така до подуринирање (културната верзија на подм…), се’ додека не им текне дека економијата им отишла во ПМ, суверенитетот им исчезнал, нацијата им се иселила, некоја друга национална заедница ја запоседнала татковината им, итн., итд. и др. Аха, и во БГ тоа се „дешава“, на „велико.“ Особено по последната голема преселба на Бугарите во ЕУ, откако влегоа во друштвото европско и една третина млади и способни си заминаа. Кај нас не ни мораше да влеземе, но замислете што ќе се „деси“ тогаш.

Сепак, доколку Слави е сериозен и мисли да испрати двајца Бугари и еден северџан (претходно го утна терминот пустиот шоумен) во „спејсо“, тогаш со две раце му предлагаме, башка искрено замолуваме, во вселената да го испрати Заев. Најдобар избор, подобар, здравје. Аман, црпни го и испрати го. Главниот репрезент на просеверџаните во Македонија, дефинитивно мора да оди таму, за да вонземјаните го видат најреткиот вид на земјата, одрод кој сега (очекувано) за потпишување Резолуција уценува со вметнување на идиотско, насила наметнато име. Баш би ми било ќеф и Марсовците да видат со каква црпната дилајла си имаме работа.

Башка, да не се лажеме, овој лик, кој немаше никаков проблем да стане Северџан, нема да има мака да стане ни Марсовец. Вулканец не може, оти тие се умни, Клингонец уште помалку. Боргите се ко Сороспиите со испран мозок, па нема да му биде проблем, но најмногу му лежи да стане Ференги од „Ѕвездените патеки“. Таков евтин трговец и алаш-вериш далаверџија кој нема мака ни сопствената мака ни татковина да ја продаде, дури ни оваа најтрговска раса во вселената не видела, гарант.

И замислете ги само Каракачанов, Слави Трифонов и Заев како гушнати летаат во бугарското, ала Грунф од Алан Форд вселенско летало, капсула ли е во форма на Лада или Запорожец, гарант на плински, ТНГ погон со машала расплињача која истовремено е и сателитска антена, тројцата во скафандерите на битолската СДСС пратеничка, на оној екс суртукот од ДОМ и еден позајмен од Филипче (гарант овој ќе дише, ама ќе биде со најскапа провизија) ко северџански уддел во проектот, тројцата во мисија на освојување на сончевиот систем. Помошните педали сигурно ќе бидат кај Зоче, комукацискиот систем со џандарски мотороли ќе го командува Слави, а вселенскиот брод со волан од „Дајц“ ќе го управува искусниот Каракачанов.  Јака, незаборавна слика, нели?

И, да, знаеме чуму кравата отишла во вселената – за да трча по Млечниот пат, Мики Маус за да го најде Плутон, дека најомилен филм на Сатурн му е „Господарот на прстените“, како и дека Љупче Путерот букирал соба на Месечината затоа што била „полна“, но се’ уште е мистерија зошто татаро-северџанската тројка летнала на Марс. Дилема е и чуму астронаутот Каракачанов и на Марс, 373 милиони километри од Земјата, и натаму ко слеп за стап лажел дека македонскиот јазик е бугарски, Слави ко навиен верглал дека сме с’шти народ, а Заев нон-стоп и на Марс употребувал во секоја реченица едно измислено, имагинарно и суртучко „уставно“ име за својата татковина??? Можеби, поради тоа што таму немало „атмосфера“, па по навика си треселе зелени меѓу малите Зелени, за да ја подобрат атмосферата? Можеби, заминале на Марс за да се уверат дека Заевата глупост со Северна и бугарската глупоштија со потеклото на македонскиот јазик и нација се единствените вештачки творби, уникати кои со Кинескиот ѕид единствени се гледат од вселената? А поверојатно, затоа што првата астронаутка Лајка била поумна од тројцата заедно…