четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Повампирување преку смена на бели со црвени линии

Повампирување преку смена на бели со црвени линии

Си бил еднаш еден крвопиец. Пред векови. Знаеф се викал, оти знаел се’ што ќе се случи во иднина. И така, вампирот со векови си го цицал народот престрашен. Не бадијала било така, имал поддршка од главниот шејтан во околијата. Арно ама, се смениле времињата. Му се сменила и кармата, а мецената го забаталил. Оти, веќе не му бил требен. А полека, но сигурно, така забаталени од моќниот заштитник, народот напатен сфатил која им е слаба точка на крвопиите кои ги мачеле со векови. Пустите разбрале, од искуство и мака, дека лекот е мнооооогу едноставен. Замислете, сконтале оти само требало да се соберат, да покажат бројка и сила, па така обединети во маката да излезат заедно и да му кажат едно едноставно, најобично НЕ!

Им требало многу време за да го разберат иљачо, ама по сите тортури на крвопијците, дури и најтапите меѓу нив сфатиле што е лекот за тргање на маката им вековна. И се обединиле, па го решиле, без проблем. А  духот на вампирот Знаеф останал да лебди над овие простори…

Векови подоцна, во истата таа Македонија си живеел истиот тој народ. Македонски. Минувале векови, го толчеле, го негирале, убивале, ама пустиот пиреј опстојал. Дошле и нови времиња, но маката стара не заминувала. И, да, генетика не е заебанција, па нему „освестен“ со полувистини му требало мноооогу време за да сфати со кого си има работа. Оти, на истиот тој напатен, трпелив и во многу што прекроток народ, нон-стоп му продавале – те тестиси за бубрези, те туѓа, скратена историја, те микро држава за цела територија, те „иднина“ во ЕУ , па НАТО ли, што ли… И тој напатен и инструиран од пропагандата си легнал на брашното. И си ги негирал и заборавал браќата и сестрите во Пиринска и Егејска,  ја чекал нирваната, онаа нафрлена и измислена од умовите расипани и пресметани, онаа ветена и поубава иднина…

Арно ама, таа да не ти доаѓала. Народот македонски давал ли давал, поведен од идиотската пропаганда, давал се’ што треба и почесто она што не треба, ама од поубата иднина абер немало. Ни за лек…

Па така, од немајкаде за старо/новите ментори се нашле едни клонови/наследници на стариот крвопиец антимакедонски. Истите тие биле чеда на оние кои во турско биле јаничари, во српско најголеми Срби, во бугарско поголеми Бугари од Аспарух, во македонско северџани… Иако, имале мака апаратчиците северни, голема, во името имало едно големо, огромно „М“ кое никако не можеле да го избришат.

Ок, не биле предавници, оти за да предадеш, треба да бидеш дел од тој род, а тие никогаш не го имале тоа чувство кое било Божја дарба, ниту генетика, ама се нашле на местото на настанот кое се викало Македонија, па чуму анационалните и опортунистички лукративци да не го искористат моментот, нели?

Ги насадиле на местото на владејачи по 91-та, иако не победиле на избори. Вратиле со тоа што во 95-та смениле знаме и аминувале „привремено“ име, кое траело 24 години. Дури не го смениле де. Биле корисни идиоти, ама реално не ги бивало за ништо, тотални муфљузи, па народот ги сменил во 98-та. Арно ама, мецената по косовската криза им смислил „Големо уво“, а кога видел дека е малку увото кое никој не го чул, по него следувал и македонски конфликт во 2001-та, за да во 2002-та истите тие неспособњаковиќи дојдат на власт. Чуму?

Епа, за да во 2004-та сменат територијална организација на државата им, да припојат рурални средини до урбани за да Албанците кои и така не биле 20 насто, добијат права кои не им припаѓале. И сработиле пустите чеда неспособни. Арно ама , народот пак набргу видел дека си има работа со безидејни суртуци, па пак ги сменил во 2006-та. По нив дошол еден „режим“ кој го имало само во главите на нивните ментори, ама кој бил толку жилав, оти бил македонски, па преживеал цели десет години, море единаесет станале.

Фурале идиотски шарени дееволуции, „хелсиншки“ кој не постоел со години терал прикаски, НВО-а комуњарски пробале се’ и сешто, ама „режимот“ не паѓал. Оти бил македонски. Пиреј ко пиреј. Па смислиле пеење албански химни и гласање спикер без мнозинство за да навасаат народ во Собрание, оти немало друго чаре. И успејале. Се повторила 91-та, пак не победиле и пак завладејале. На 27 април 2017-та народот со пукнат филм влегол и си побарал правдина, менторите и пропагандните им медиуми ја извртиле прикаската и кондомите желни за власт по секоја цена дошле до истата таа власт. И така, патриотите станале „терористи“. Ок, и „уставната“ по ново Лошила Кацарска бааги помогнала. Нит тие ќе владееле нит таа уставен судија некогаш ќе била. „На ти го – дај ми го“ принцип северџански, докажан…

И во следните години, „средиле“ се’ за што и биле поставени. Смениле име на државата, Устав, преамбула за Грци, донеле двојазичност, навасале и кон родител еден и два, ќе менувале и историја и јазик ако требало, се договориле за пет историски личности и два периода со Бугари, ама кон крајот нешто почнало да смрди, ама многу. Трулотијата ги пробила сите граници, затоа што дилајлите неспособни претерале со аздисот немакедонски. Им засмрдело дури и на нивните СДС-овци,  од кои дел колку и да биле застранети, не пиеле нафта. Да, и таа ќе ја поскапеле владејачиве, а џебот најмногу ги болел дотичниве опортунисти…

Доаѓале избори, макар и локални. Ако утнеле на нив, ќе го јаделе стапот. И што сториле северните чеда? Она што најдобро го знаеле – глума, лага и превртување. Чекор еден – затоа што сфатиле дека Царовска му е Мила само на Заев, ги тргнале на неопределно „образовните“ реформи со кои мислеле да им „учинат“ на Бугарите. Ги ставиле под тепих, ама смрдеата останала. Копало, труело на антимакедонштина на сите страни…

И што сега? Чекор два. Епа, пресметале дека на три месеци пред избори, време е да се повампират, помакедончат ли. Пресметале промуќурните северци, дека во моментот е најдоходовно да станат, т.е да се преправат во  Македонци. Им текнало дека ако некој им ја купи прикаската, ќе освојат глас повеќе.

И? Па едноставно, чедата кои биле саглам навлечени на„бели линии“ од полнолетството, некои и од порано, решиле да ја потпишат Резолуцијата за „црвените линии“ на Македонците во спорот со Бугарите. Уууу, гарант паднавте во несвест, а? Се разнежнивте, абе солзи ви потекоа? Олабавете. Линија е линија, битно е да си на власт, вели мантрата на СДС. Не случајно, преродбата на истите тие комуњари почна со „менувањето“ линиии на најпознатиот им белолинијаш во историјата, кој наеднаш така наеднаш се повампири, помакедончи ли, БЦ ли ќе да беше. О, да, ви текнува? Прво Папата стана Македонец ипол, па партијата на некогашниот чувар на тронот му црпнат. И да, не е на одмет да отвориме четири очи. Аха, во светот на комуњарите, ништо не е случајно, линиите најмалку. Биле бели или црвени…