сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Специјална војна кон Македонија и Македонците

Специјална војна кон Македонија и Македонците

Јас сум од онаа генерација која на факултет мораше да учи во прва година некогашна „Одбрана и заштита“, а во тој период предметот насловен како „Дефендологија“. Иако во тоа време сметавме дека тој предмет ни е губење време, од денешна дистанца, сфаќам дека многу од нештата кои ни се случуваат како народ, но и нашата севкупна разградена нација, токму во таа книга, убаво и детално ни било објаснето и образложено.

Што е специјална војна?

„Специјална војна претставува збир на организирани и координирани политички, економски, психолошки пропаганди, разузнавачко-субверзивни, а често и воени акции, мерки и постапки кои ги презема една или повеќе држави против други земји (група држави) народноослободителни или револуционерни движења, пред сè поради наметнување на хегемонија, мешање во постоечките политички, економски и општествени односи, остварувања на одредени цели и интереси. Преку специјалната војна пред сè се остваруваат целите и интересите на големите сили во светот. Целите на големите сили пред сè се одредуваат од страна на највисоките државни раководства, врз основа на процените од моменталната меѓународна ситуација. За остварување на зацртаните цели големите сили (држави) ангажираат разузнавачки и други служби и институции, потоа разни здруженија и организации, а по потреба и вооружени сили.“

Она кое му се случува на македонскиот народ и во самата Македонија, но и во соседството (пред се во Албанија и Косово), каде Македонците се под силен притисок и терор, да бидат бугаризирани, е само дел од една специјална војна и агенда која ние како народ ја сфаќаме премногу несериозно. Паниката на соседите на кои им пречи новиот бран на ренесанса на македонизмот, како повторување на оној од доцните 80ти и раните 90ти, дополнително прави да реагираат панично и агресивно.

Пописот во Албанија ќе биде исклучително битен за следните чекори и битки. Македонците ќе мора да покажат дека знаат кои се и што сакаат, да си ја искажат својата етничка припадност и секако, не само во Мала Преспа, туку и во Голо Брдо, и во Гора, но и во Елбасан, во Корча, во тирана и секаде каде Македонецот живее. И до колку актуелната власт во Македонија не помага, тогаш сите ние кои можеме и знаеме како, треба да делуваме и да им објасниме на нашинците во Албанија е дека додека тие се живи, постојат и не се предаваат, жива е и Македонија. Дека низ вековите Македонецот го делеле, напаѓале, селеле, асимилирале, ама тој ко пиреј се кревал и им влепувал шамар на сите провокатори и митаџии.

Знам дека во голема мерка македонската политика потфрли и внатре во државата, и кон нашите браќа во соседството и во дијаспората. Државата е осакатена и на колена, претворена во еден „апартхејден хибрид“ со тенденција за двојазична и двонационална „трипер комбинација“. Нашите браќа во соседството и дијаспората се обезглавени во голема мерка политички, но самиот народ наоѓа начин да се крене, да пркне и изрти, и да се собира на слави, имендени, панаѓури и да шири македонштина. Искрена, чесна, позитивна, весела, со музика, со песни и ора, со многу љубов и симболите од искон. Без дневна политика, без партии, без квази водачи подложни на уцени и трговија.

Да, без политика не се може. Но, за почеток, потребно е да се лоцира душманот. Да се закопа политички и фрли во заборав, а од тие на кои ќе се даде довербата, да се бара секојдневен отчет. Да, ни треба стандард и пари, ама многу повеќе ни треба националната гордост, симболите, името, јазикот, образованието, редот, поредокот, традиционалните вредности поврзани со семејството. Ова што ни го подметнуваат и сервираат е дел од специјалната војна која ја дезинтегрира Македонија.

Ова се битки кои сите мора да ги водиме на микро ниво, во општините, училиштата, институциите, судовите, секаде, на секој чекор! Да бараме од медиумите да не пренесуваат, да ги користиме социјалните медиуми и секоја можна форма за отворање на очите на секој оној кој е освестен, а кој знае во кој правец не сака да ја гледа својата земја.

Еве еден навистина интересен говор кој го чув деновиве. Мислам дека во него ќе чуете многу поенти кои се однесуваат на нас Македонците…

Денес живееме во ера, во која се што не дефинира е под напад. Зошто? И зошто е опасно? Опасно е за нашиот идентитет. Нашиот национален идентитет, нашиот семеен идентитет, нашиот религиски идентитет… Исто така, тоа е она што не прави да бидеме свесни на нашите права и можноста истите да ги браниме. Без идентитетот сме само бројка, несвесни бројки, алатки во рацете на оние кои сакаат да не искористат. Затоа сметам дека право е на секој оној кој го брани своето право, да ги брани семејствата, идентитет, вербата во Бога и се она што ни ја дефинира нашата цивилизација. Велат дека не е кул да се зборува за овие работи. Е па тие нема никогаш да не убедат нас!“

Што мислите, чиј говор е ова? Која е личноста која сето ова го срочи? Не, не сум јас! Не е ниту пак некој Македонец, или некој „ретрограден“ кој не сака „европски“ вредности или е анти ЕУ. Ова е говор на Премиерот на Италија, Џорџа Мелони, став искажан на “Budapest Demographic Summit. Дали и Мелони е анти ЕУ и не го почитува сите тие бљувотини кои нам се обидуваат да ни ги вметнат и инасталираат?

Народот полека почна да сфаќа дека не е прашање на европска и ЕУ агенда, или против, туку дека поделбата е на ликови кои сакаат да го уништат се она што е македонско и оние кои го бранат. Првиве еден ден, за се што правеа и прават, ќе мора да одговараат и тоа со најстроги обвиненија, за велепредавство. Се надевам дека и тие казнени одредби нема да ги релативизираат и намалат казните, повторно со европско знаменце. Затоа што очигледно најдоа модалитет како да ги релативизираат проневерите и криминалите кои ги прават изминатите години. Претпоставувам дека се надеваат дека за велепредавството некои странски играчи ќе ги спасат или евакуираат. Очигледно слабо учеле од историјата, и дека само главните експоненти се спасуваат, а сите други се колатерала.

 

Александар Ристевски