четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

„Трето полувреме“ во Заевиот РАЈХТ

„Трето полувреме“ во Заевиот РАЈХТ

„Трето полувреме“. Колку соодветна прикаска за денешницата. Башка, темелена на чиста вистина. Историска. А историјата, таа си се повторува ли повторува, колку и некој Заев да се обидува да ја смени. Иако, имам некое чувство дека кај нас се повторува повеќе отколку во другите делови на светот, нели?

Нејсе. И цели 78 години потоа, Македонија е во „Трето полувреме.“ Тогаш како ФК, денес како РС. Има и разлика. Драстична. ФК била за сите. Ова со сурушкото „С“ по Република во насила наметнато РС, го признава и прифаќа само една Заева чета лукративни дијалји и еден послушен вод опортунистички му сдСС биљмези.

А, за да биде перверзијата уште поголема, и ова наше современо трето полувреме се игра во Рајх. Сега, по ново, во Заевиот РАЈХТ. Збор кој црпнатото чедо го срочи во последното интервју, глупост за која никој не се ни посомнева дека е лапсус-лингва, грешка. Јок, сите знаат дека ЗЗ си мисли дека навистина е РАЈХТ, а не рајх. Ко што е ГРОМОЗОРНо, ко што картелите се од Јужна Африка, или ко што на човек можеш насила да му дадеш, не да му земеш итн. итд. и др. Затоа што сите знаат колку ЗоЗа мисли, т.е. не мисли, односно колку му сече на пустиот распродавач на национални светии… Заевиот Втор РАЈХТ (второ му владеење со РМ) како пародија на вистинскиот, Трет Рајх, тое е  ова заплашувачко, реваншистичко хунта општество кое го наметна Муртинхаузен со неговата СДСС, потсмешлива реминисценција на Рајхот чиј дел и послушник беше тогаш окупаторска Бугарија. Оние, мили и драги новкомпонирани администратори и човекољупци од Заевиот РАЈХТ…

Уште една сличност, освен што повторно се игра во еден рајх, РАЈХТ ли, пак го имаме и истиот однос на силите. Барем навидум. Од една страна е Бугарија, население пута три, членка на ЕУ, а од друга малата Македонија. ОК, сега и членки на една друга направија која нешто и не се скрши за да ги смири раскараните членки, браќа ли, сестри, комшии ли…

Добро, има и разлики, фер. Ама малку. Тогаш Софија (ко и секогаш) била со посилниот и побогатиот, ама ние иако малечки и бедни, нешто не сме се потепале да влеземе во нивното друштво. Барем, не по секоја цена, како што некој тежнее денеска. Соседството, пак, тогаш се искршило од влегување во онаквото на фашистите. Бугари, Четници, Усташи, Балисти…

Од друга страна, судијата е пак за нив. Таксират македонски. Класика.

Од трета страна, и ова новокомпоновано Трето полувреме повторно го играме опкружени со домашни квислинзи. Иако, сега ги има можеби и повеќе од порано, но тогаш тоа го чинеле за да го спасат предавничкиот им задник, а сега за да се збогатат. Добро, дел ко Зоки и Буч и за да не одат во затвор де…

И тогаш и сега, окупаторската пропаганда работи со закани и дезинформации. Само што тогаш не ги викале лажни вести. Гарант, и тогаш имале фејк-телали како Дерала, Костадинов, Васиљ, Васев, Тричко, Мра, Заевите Вмровци, Богојески, Поликлинико, Црничанец, Џоци, специјална банда од агипроповскиот вод, ама тие барем јавно се дичеле со припадноста кон власта. Биле пофер, нели…

Да, историјата се повторува со се’, приликите, па и ликовите се тие, но тоа значи и нешто друго.

За голема жал на антинационалните ни домашни битанги и националшовинистичките ни комшии и во ова „Трето полувреме“ ќе победат Македонија и Македонците.

Пред 78 години, и покрај помошта на судиите, пропагандистите, заплашувањата на окупаторот и предавниците – ФК Македонија го „скрши“ и победи елитистичкиот и окупаторски ФК Левски.

78 години потоа, Македонија повторно ќе победи, сега со триумф над екипата на Заев и ќе излезе непоразена и од неговиот втор РАЈХТ. Гајле ни е дали, ко и тогаш, некој ќе ни признае. Битно е да останеме тоа што сме, Македонци во Македонија. Се’ друго е лук и вода. Ветото, пак, најлук…

А, што после?

 

Епааа, за тоа нека му ја мислат РАЈХТИСТИТЕ