вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Три години од велепредавството

Три години од велепредавството

На денешен ден, пред точно три години, актуелната власт составена од СДСМ, ДУИ, еден куп сателит политички субјекти, сите партии на македонските Албанци, и едно купче продадени души кои плукнаа в лице на сопствените гласачи, одлучија да го променат Уставот, да го сменат името на државата, да ја сменат Преамбулата на Уставот и да се откажат од се што е македонско.

Од старт да расчистиме и повториме, моите лични ставови за Македонија се про западни, евро интегрирачки, и со цел наша еднаквост кон евро-атлантскиот воен сојуз, но начинот, одлуките, отстапките и се она што беше направено тој 11 јануари и месеците претходно, е класично силување на Македонците, понижување на отворена сцена и чин на велепредавство.
Самата постапка имаше заштитен механизам во името на референдумот. Истиот масовно беше бојкотиран, а од друга страна и бројките за излезност беа лажни, ако земеме во предвид дека во руралните средини во северозападниот дел на Македонија имаше по 90 и кусур проценти гласови, во места каде за локални или парламентарни избори никогаш нема на 40 проценти. Можноста и на овој начин се фингира излезност беше отсуството на набљудувачи кои при избори партиите ги делегираат, а оној пат ги немаше.

И со таков сакат, фалсификуван и нереален референдум, власта одлучи и покрај тоа што истиот е нелегитимен и неуспешен, и без легитимитет од народот, со гласовите на 80 јуди во Собранието, трајно да не осакати.

Ни беа ветувани брда и долини. Пари, стандарди, Европа, бесплатно здравство, школство, скинати визи за сегде, просперитет, напредок… Што добивме? Се контра, се спротивно!

Фиктивен раст на плати и тоа на најниските, но паднат и уништен стандард. Изместени вредности и стандарди, со медиокритети и неспособни на клучни места. Нема Европа, ни датум не добивме за преговори, а камо ли да ги започнеме истите. Здравството е на колена, сите кои закачивме корона се си плативме од џеб, системот е крахиран, а луѓето испоумреа. Школството е уништени, нема книги, а легендарната министерка може само да се гордее на својата агенда да вметне некои либерални вредности во системот, ништо друго. Место да се отвориме кон светот, ЕУ почна да ни наплаќа влезни визи при посета. Патем, веќе три месеци сме со влада во оставка. На здравје!

Ова само покажува и докажува дека кога дел од народот наивно гледа на работите, и кога се пали на слаткоречивоста на селскиот Пинокио, казната ќе следи. Да, секогаш е поубаво да се верува во „Пиј си тутунот, пиј си кафето, азното ќе дојди“, ама во реалноста, никогаш не е така. Кога целата држава беше ориентирана на објекти, инфраструктура, проекти, дел од вас не бевте задоволни оти немаше ништо за вас кои си пиевте тутун и кафе, мавајќи сеир. Да, но напредок општествен имаше, и економски раст, и инфраструктура и инвестиции. Сега само се троши она кои се стекна, има целосно осиромашување, а раце тријат само профитерите во кризата како банките, аптеките, маркетите, и приватните здравствени установи. Сите други се на колена.

За крај, за моите „културњаци“. Да ги споредиме состојбите сега и до пред пет години. До пред 5 години се градеа објекти, создаваа и осамостојуваа институции, се инвестираше во проекти, истражувања, гостувања, парите беа насочени кон раст на македонската култура и промоција на истата. Институциите се бореа една со друга да докажат и покажат која што може.

Што имаме денес? Денес имаме селективно покачени плати, а продуктивност нула. Најголемиот дел од Институциите ја искористија корона кризата за да паднат во зимски сон, па дел од нив вадејќи се на протоколите скоро две години не сработеа ништо. Се работат фиктивни проекти, чија цел е само да се наплати и да прикаже доказ за реализација. Нема приходи, нема комуникација со публиката. Оние кои се омрсија со драстично поголеми плати сега се мирни, ниту рипаат, ниту скокаат, ниту критикуваат. Ем џебот е полн, ем се Северни и обезличени, но знаејќи дека се добро платени за неработење ништо (со чест на исклучоци), и не им е така лошо, нели? Драги мои, срамота! Ќе помине време, ќе треба сите еден со друг да се соочиме и во очи погледнеме.

Денешниот датум не треба да заборави. Народот се гледа, и се памти. Излажан е премногу пати, за да верува било кому. Ќе си дојде по своето. Одговорност мора да има.

Александар Ристевски