петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Учениците и наставниците како подарок на тацна за „омикрон“!

Учениците и наставниците како подарок на тацна за „омикрон“!

Пред неколку дена, во коментари на некоја објава на групата за он лајн настава, еден кавадарчанец сведочеше за тоа дека негов братучед на 39 години, пред некоја недела починал од Ковид 19, откако вирусот дома го донел дететото од училиште, пред започнување на новогодишните празници и зимскиот распуст.

Нема причина да не му се верува на кавадарчанецот, иако да бевме држава случајот ќе беше испитан од Бухова и компанија и ќе и беше презентиран на јавноста. Но, дилемата не е дали еден ваков наствн се случил, туку колку такви настани имало, односно колку лица тешко се разболеле или починале откако вирусот дома бил внесен преку училишните деца.

Пред неколку дена, во разговор на МРТ, екс директорот на скопската детска болница во Козле, д-р Андоновски, ако не се лажам – единствен досега во Македонија, изјави дека „ние се уште не ги знаеме последиците што по здравјето на децата може да ги донесе омикрон“.

Не еднаш сум пишувал за ова. Македонија е држава во која повеќе од половина од населението живее во заедница. Шведска е држава во која половина од населението живеат као самци. Во нашиот случај децата лесно ќе го пренесат вирусот на повозрасните, а во оваа држава во која процентот на смртност од Ковид во болниците е меѓу 40 и 60 отсто, тој синџир на незбежна трансмисија на вирусот е катастрофален.

Вториот момент е тоа на што укажува д-р Андоновски. Не е спорно дека децата лесно го прележуваат корона вирусот, но не е спорно и дека вирусот може да остави долготрајни последици (Софијанова на неколку пати укажа на некои од нив), а за омикрон никој нема претсава како, какви и колку последици може да остави кај децата низ кои тој, неизбежно ќе помине како фурија.

Во светот, на последиците главно се укажува индиректно – од страна на врвни експерти кога укажуваат на негативните ефекти од дејството на спајк протеинот што се создава по вакцинирање на децата. Така, на пример, д-р Роберт Малоун, творцот на мНРА технологијата која се користи за западните вакцини, и претходно, а и во сведочењето во американскиот Сенат на 24 јануари оваа година, тврди дека спајк протеинот создаден преку вакцините може да предизвика последици по срцето, мозокот, коагулацијата на крвта, репродуктивниот и имунолошкиот систем на децата итн (исто и кај возрасните, но тоа не посебна приказна). Според него, нешто што не успеаја да го побијат ни факт-чекерите на Ројтерс, чиј директор седи во управниот одбор на Фајзер, и природниот и „вештачкот“ спајк протеин се токсични. Не уништуваат клетки, туку предизвикуваа процес кој води до несакани состојби. Само еднаш Малоун беше прашан за разликите меѓу спајк протеинот што го предизвикуваат вакцините и природниот спајк протеин кој се внесува со вирусот, а одговорот беше – нема разлика! Тоа значи дека истите негативни последици можат да се јават и по вакцинирањето и по природното заразување. Единствената разлика, според него, постои во тоа што вакцината го предизвикува организмот одеднаш да создаде големо количество спајк протеин, па оттука и бурна реакција на организмот, додека во случајот со природна зараза, треба време за вирусот да се размножи во поголеми количини што му дава време да се бори со него и да ги намали шансите за негативни ефекти. Но, тоа не ја исклучува, апсолутно не ја исклучува можноста, истите застрашувачки ефекти врз здравјето на децата да се јават како од спајкот создаден преку вакцините, така и од природниот спајк протеин. Посебно што сега станува збор за омикрон мутацијата, чии негативни последици не се согледани зашто едноставно не е поминато доволно време од неговата појава и неговото ширење меѓу децата.

Оттука, во вакви услови, во вака поставено здравство, со второ место по смртност од Ковид 19 во Европа (после Бугарија, доколку се земе в предвид информацијата од директорот на ДЗС дека имаме околу 1,82 милиони жители), речиси е неверојатна леснотијата со која вчера Владата ја донесе одлуката децата да почнат од 1 февруари со настава со физичко присуство. Се чини, разумот одамна ја напуштил оваа земја, ама сега, во празниот ковчег на нашите глави, дефинитивно е забиен и глоговиот колец.

И наместо да се занимаваме со тоа, со фактот дека од 2 март 2020 година кога госпожа Цаца се врати од зимување во Италија, па до денешен ден, доживуваме вистински колапс од кој треба да се обидеме да ги заштитиме барем децата, во јавноста се форсира една недоветно-пубертетската расправа за тоа дали децата требало да одат на училиште со маски или без маски. И како што на времето било тешко за Шеќеринска да научи дека за да свариш компири треба во тенџерето да ставиш вода, се чини и на овие типови е речиси невозможно да им објасниш дека расправата е излишна, бидејќи децата не треба да одат на училиште и дека наставата треба да почне он лајн. Па, ако се во право нашите експерти, и оние кои што секој ден ни излегуваат од телевизорот како да победиле на избор на мис на светот (а, во последно време, со ставовите, така и наликуваат) и оние кои не ги гледаме секој ден, и ако омикрон брзо доведе до крај на епидемијата кај нас, проблемот ќе се реши за само неколку месеци. Зар не?

А децата многу помалку ќе изгубат со он лајн настава отколку со евентуално нарушено здравје. Патем, во приказната, засега никој не ги споменува наставниците! Што со нив? Води некој сметка за нивното здравје, сеедно што мнозинството од нив веројатно се вакцинирани со вакцини за кои сега и емпириски може да се докаже дека не не’ штитат во апсолутна смисла ни од разболување, ни од смрт (оние кои што сега велат дека ниту една вакцина не штитела 100 отсто, не го зборуваа тоа и кога се зборуваше за колективен имунитет преку вакцининирањето)? Очигледно – не! Настрана што работат за мизерни плати, настрана што вложуваат неколку пати повеќе отколку што добиваат за возврат, сега, покрај децата, ќе ги жртвуваме и нив? Впрочем, кој сака да се зарази, нека се зарази – никој не му брани, но апсолутно нема право во здравствена и животна опасност да ги става и другите.

Така што, со оглед на нивото на знаење кое беше покажано во овие две години околу вирусот (ни светот нешто не се покажа, така што повеќе пречи самобендисаноста на нашите отколку фактот дека се соочуваме со нешто за што никој нема целосни познавања), со оглед на искуството што ни помина преку глава со Филипче и со онаа презерватив министерка за образование која децата ни ги сведе на промили, со оглед на фактот што од низа сведоштва знаеме дека промилите на заразени деца всушност не беа промили туку проценти и тоа над 10 во низа одделенија, со оглед на тоа што е јасно дека заразеноста со делта не штити од омикрон (д-р Докиќ), со оглед на тоа што имаме криминална власт која ги крие заболените деца и наставници како и заболените нивни роднини, единиствено решение е он лајн настава во второто полугодие. Не на една, не на две недели, туку цело полугодие. Па, кога епидемијата ќе заврши, како што не убедуваат, здравје-Боже, од 1 септември во клупи.

Вака, децата му ги ставаме на омикрон на тацна и ги претвораме во експериментални глувци. Што е речиси неверојатно. Но, со овој ум…!