Понекогаш е потребно конструктивнa дискусија, па дури и кавга за да се реши некоја напната и непријатна ситуација, но според астрологијата, некои претставници на Зодијакот избегнуваат конфликтни ситуации по секоја цена.
Без разлика дали се работи за деловна или емотивна врска, но и за врска со пријателите, постојат три хороскопски знаци кои не сакаат да се расправаат, а нивните мотиви и причини се различни. Тие не се подготвени да водат „тешки“ дијалози, туку напротив нерешените односи да ги „туркаат“ под тепих.
Бик
Припадниците на овој хороскопски знак припаѓаат на типот на луѓе кои мислат дека секогаш се во право и дека за нивните ставови и мислења не смее да се разговара. Тие се склони кон делење „етикети“ на другите, проценување и оценување, но кога ќе им се спротивставите, ќе бидат „смртно“ навредени, нема да разговараат ниту ќе се расправаат со вас, туку едноставно ќе стават крај на разговорот и физички ќе се оддалечат од просторијата. Ќе ве „казнат“ со молк и ќе одбиваат да зборуваат за настанатата ситуација, а имаат тенденција да се преправаат дека ништо не се случило. Можат да поднесат конфликти и дебати, но не сакаат, бидејќи за нив нема ситуации во кои некој друг е во право.
Вага
На Вагите секогаш им е поважна формата, од суштината. Сакаат сè околу нив да изгледа уредно и убаво, мирно, да делуваат хармонично за околината, па имаат тенденција да ги „туркаат“ проблемите под тепих заради „мир во куќата“. Не поднесуваат конфликтни ситуации, па се трудат дипломатски да доведат сè во ред. Тоа не им успева во некои ситуации. Повеќето претставници на овој знак навистина не се во состојба да се „снајдат“ во конфликтни ситуации, бидејќи не знаат како да се справат со нив. Кавгите и расправиите ги фрустрираат и прават нервозни, а секој што ќе го крене гласот во комуникацијата или ќе им се спротивстави го сметаат за „закана“ за нивната привидна хармонија и навидум совршена врска. Поради тоа, Вагите често се склони да се „повлечат“ и да ги оставаат работите нерешени, што особено лошо се одразува на нивниот партнер и деловните односи. Не се сите кавги и дискусии лоши, има и такви по кои луѓето извлекуваат заеднички заклучок и нешто добро од истите.
Риби
За нив, како и за Вагите, илузијата дека сè е „во најдобар ред“ е поважна од решавањето на некоја конфликтна ситуација. За разлика од Вагите, кои тешко се справуваат со кавгите, претставниците на овој знак на Зодијакот уживаат во верувањето дека другите луѓе страдаат поради нерешените ситуации со нив, но тоа им дава можност да глумат жртва. Рибите ја сакаат „улогата на жртвата“. Некои претставници на овој знак често се пасивно-агресивни во конфликтни ситуации, па затоа ќе се однесуваат така што ќе ги игнорираат и соговорникот и проблемот. Ќе се преправаат дека ништо не се случува, но ќе ја искористат секоја прилика за ситна одмазда на оние со кои имаат „нерасчистени сметки“.