Заљубувањето е лесно, а Универзумот функционира на мистериозен начин, па затоа веруваме дека секој има своја сродна душа. И покрај тоа што можеби се сметате за скептик за романтика, април ќе биде најромантичниот месец за овие хороскопски знаци: Близнаци, Вага и Стрелец.
Венера, планетата на љубовта, убавината, врските и задоволството, на 13-ти овој месец ќе биде ретроградна во знакот во Близнаци, а таа управува со сè што е поврзано со романтиката и сензуалните задоволства.
Енергијата на Близнаци, од друга страна, е поврзана со сè што е во врска со комуникацијата и разноликоста, па затоа оваа ретрограда ќе предизвика преиспитување на вашиот стил на комуникација и вашиот љубовен јазик.
Близнаци: Постои огромна светлина во вашиот љубовен живот
Живејте Близнаци. Не секој ден божицата на љубовта и убавината е вашиот хороскопски знак. Во меѓувреме нештата ќе се сменат, но тоа не значи дека нема да ги искористите придобивките. Всушност, ова е можност за вас да тргнете на патување кон себеси.
Без разлика дали сте во врска, за да имате среќен живот клучно е да се сакате себеси безусловно. Запомнете, врските во вашиот живот се одраз на односот што го имате кон себе. Ако веќе сте во здрава и исполнета врска, ова е можност да направите чекор понатаму.
Вага: Познато ви се чувството на „пеперутки во стомакот“
Сакате да бидете заљубени, Ваги. Толку многу, така што ќе направите сè што е во ваша моќ да создадете хармонично опкружување каде ќе можете да уживате во убавината на вашата идеална естетика. Вие сте уметници и креативци, па овој месец Венера ќе ја активира вашата експресивна петта куќа на романтика, страст и разнолика автентичност.
Бидејќи Венера е ваш планетарен владетел, вие сигурно ќе ги почувствувате ретроградните ефекти, но романтичните чувства ќе бидат уште понагласени овој период. Можеби ќе имате можност да ја обновите минатата љубов, затоа не дозволувајте оваа енергија да пропадне. Покрај ова, Венера ќе ви даде можност да ги преиспитате вашите креативни проекти, затоа предадете ѝ се на вашата муза.
Стрелец: Вие ќе бидете ментално стимулирани
Уживајте во љубовта Стрелци. Толку многу нешта ви се случат овој месец, а едно од најважните случувања ќе биде романсата. Сонцето ќе ја активира вашата експресивна петта куќа на љубовта, радоста, романтиката и креативноста оваа сезона.
Венера влезе во знакот на Близнаци на 3-ти април, со што ќе се активира вашата седма куќа посветена на партнерските односи и врските. Ова не само што ќе доведе до хармонизирање на вашите односи, туку ќе ви ја зголеми и харизматичноста. Како и да е, Венера ќе биде ретроградна и во вашиот знак овој месец, па затоа обрнете внимание и на вашите партнерски односи овој период.