Тешко е да одолеете на нивниот шарм, а тоа е токму она што го посакуваат. Луѓето родени во знакот на Девица се чекор пред вас и знаат точно како да ви пристапат, за да го добијат она што им е потребно.
Способни се секого да завртат околу малиот прст и да го искористат, без „жртвата“ да е свесна за тоа. Еднаш кога ќе им дадете нешто што им е потребно, тие се во состојба да ви го завртат грбот и да ѝ се посветат на следната „жртва“.
Сето тоа ги прави највешти манипулатори во хороскопот и кои постојано калкулираат и со мислите и со емоциите, како типичните негативци од мексиканските сапуници.
Девиците секогаш пред сите се прават добри, а никогаш не се впуштаат во конфликт, бидејќи секоја провокација ја решаваат со ладен цинизам и без никакви емоции. Но, приватно знаат да бидат многу чувствителни и искомплексирани, па личноста во овој знак најлесно е да ја победите токму со нејзиното оружје.
Сепак, токму затоа што ништо не препуштаат на случаност и го планираат секој свој чекор, на Девиците не им е тешко да се соочат со тешките животни ситуации, бидејќи сметаат дека за сè постои решение.