Поволен ден за почеток на диета за Раковите, Девиците ги очекува средба со личност која веднаш ќе пробуди интерес кај нив, Вагите не се согласуваат со колегите.
Прочитајте го хороскопот за 05 ноември.
Овен
Потребно е да покажете иницијатива ако сакате да остварите напредок во работата.
Личноста покрај вас ви покажува дека и е потребно време да одлучи дали сака да биде со вас или не.
Водете сметка за крвниот притисок.
Бик
Ако побарате помош од вистинската личност, ќе успеете да ги решите сите проблеми на полето на работата.
Важно е искрено да разговарате со саканата личност за проблемите кои ве мачат.
Имате проблем со кичмата.
Близнаци
Можно е да имате прилика да разјасните некои проблеми кои ве мачат на полето на љубовта.
Комуникацијата со саканата личност ви е променлива што ве прави многу незадоволни.
Можна е кашлица.
Рак
Можно е да се разочарате во текот на денот во однос на големите очекувања кои ги имате на полето на работата.
Немате најдобар однос со саканата личност. Се однесувате како да сте во депресија.
Поволен ден за почеток на диета.
Лав
Не е поволен ден за промени на полето на работата. Бидете потрпеливи.
Можно е да имате конфликти со саканата личност кои сепак ќе ги решите до крајот на денот.
Ве мачи реума.
Девица
Можно е да остварите голем напредок, но треба да заборавите на конфликтите со колегите.
Ве очекува средба со личност која во првите минути ќе ви се допадне и ќе ве направи љубопитни.
Избегнувајте ги цигарите.
Вага
Ве очекуваат мали несогласувања со колегите.
Делувате студено кон саканата личност. Можно е несвесно да ја казнувате поради некои грешки во минатото.
Здравјето е одлично.
Шкорпија
Денеска не е поволен ден за решавање проблеми.
Заљубени сте и се трудите на саканата личност да и обезбедите среќа каква што посакува.
Се чувствувате одлично во своја кожа.
Стрелец
Можно е премногу да ги слушате советите на другите луѓе, а многу малку да се потпирате на своето искуство и интуиција.
Пред вас се промени на полето на љубовта. Време е за нова врска.
Можни се уринарни проблеми.
Јарец
Не е претерано поволен ден за промени на полето на работата. Избегнувајте потпишување нови договори.
Потребно ви е време да дојдете до компромис со саканата личност за проблемите кои ги имате.
Поведете сметка за синусите.
Водолија
Ве очекува напорен ден па најдобро би било да се подготвите за стресните околности кои се пред вас.
Стабилната ситуација со саканата личност ви носи чувство на среќа и сигурност. Ако сте слободни, време е за почеток на нова врска.
Одлично се чувствувате.
Риби
Во текот на денешниот ден ќе бидете склони кон грешки на полето на работата. Поведете сметка за концентрацијата.
Ве очекува ново познанство и голема можност за врска.
Можни се проблеми со срцето.