Овните и Вагите ги очекува среќен ден, Близнаците донесуваат погрешни одлуки, Водолиите ги очекува романтична средба.
Прочитајте го хороскопот за 17 ноември.
Овен
На полето на работата ќе го остварите успехот на кој се надевате. Среќата денес е на ваша страна.
Ново познанство во вас буди љубопитност и потреба почесто да ја гледате таа личност.
Внимавајте на синусите.
Бик
На полето на работата владее сосема стабилна ситуација. Можете да очекувате мирен ден без многу обврски.
Сакани сте и тоа е одлично. Ќе уживате во романтична атмосфера со саканата личност.
Внимавајте на вишокот килограми.
Близнаци
Можно е да сте склони кон погрешни одлуки. Генерално, ова е лош ден за работа.
Растроени сте и заборавате на некои ветувања дадени кон партнерот. Вашето однесување остава лоша трага на врската.
Очите ви се чувствителни.
Рак
Имате впечаток дека работите се против вас и дека сте беспомошни. Но, не е така.
Можно е да ви се укаже прилика за нова љубовна врска со личност која делува мистериозно и сомничаво.
Ве мачи несоница.
Лав
Лесно ги завршувате обврските и ви останува доста време за одмор. Ова е опуштен ден за вас.
Поволен ден за флерт, комуникација со спротивниот пол и нови познанства. Ако имате нова симпатија, потрудете се да ја освоите.
Немате проблеми со здравјето.
Девица
Можете да очекувате добра комуникација на полето на работата, како и помош од колегите кога станува збор за некои важни обврски.
Можно е полека да исчезнуваат емоциите кои некогаш постоеле меѓу вас и саканата личност.
Посетете стоматолог.
Вага
Ве следи среќа, па секоја работа која ќе ја започнете ќе биде успешна.
Уживате во флертот и не сте подготвени за почеток на сериозна врска. Можно е да ве интересираат само минливи авантури.
Одлично се чувствувате.
Шкорпија
Ве очекува добра можност да добиете кредит или поголема плата.
Можно е да ви се допаѓа личност која се уште не покажала интерес за вас. Се двоумите околу неа.
Здравјето е добро.
Стрелец
Денеска ве очекува склучување на важен договор. На вас останува шансата да остварите успех.
Можете да се потпрете на партнерот кој ви нуди безусловна љубов и поддршка.
Имате мали проблеми со хормоните.
Јарец
Ве очекуваат голем број обврски во текот на денот. Потрудете се да најдете енергија.
Потрудете се на саканата личност да и покажете колку ви значи.
Зголемете го внесот на витамини.
Водолија
Пред вас е поволен ден за работа. Не би требало да имате никакви проблеми.
Ве очекува можност за романтична средба со личност која ви значи.
Одлично се чувствувате.
Риби
Не сте задоволни од заработката и тоа ве фрустрира. Можно е полека да барате нова работа.
Ако сте се впуштиле во некој однос без обврски, наскоро ќе дојде до негов прекин.
Избегнувајте цигари и алкохол.