недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 4-ти aвгуст

Дневен хороскоп за 4-ти aвгуст

Овните фантазираат, Биковите и Близнаците се нервозите, Раковите смирени, Јарците непријатни.

Ова е хороскопот за 4 август.

Овен

Работа – Ова е поволен ден за иновации кои доаѓаат во рамки на работата. Во поголема мера сте заинтересирани да се занимавате со работа и за викенд.

Љубов –Малку сте резервирани кон личноста која ви се допаѓа. Таа ве доживува на сосема поинаков начин отколку што очекувавте.

Здравје – Одете на преглед.

Бик

Работа – Работната стратегија која ја имате подолго време не дава резултати. Морате да останете доследни на работата, но и на колегите.

Љубов – Имате зголемена тензија во љубовта. Тоа доаѓа и од мешањето на вашите пријатели во тоа што ви се случува. Бидете отворени за нови можности.

Здравје – Добро.

Близнаци

Работа –  Се соочувате со зголемена тензија која фаќа се поголем замав. Соберете се и почнете да ги решавате проблемите.

Љубов – Заинтересирани сте за личност која одамна ја познавате.

Здравје – Тензија и стрес.

Рак

Работа – Доколку се занимавате со приватен бизнис не е лоша идеја да обрнете внимание на повеќе детали кои ви изгледаат дури и неважни. Бидете свесни за ситуацијата во која се наоѓате.

Љубов – Го сакате својот партнер и не сакате да го изгубите, но исто така сте свесни и за проблемите. Немате причина за паника.

Здравје – Стомачен вирус.

Лав

Работа – Фаќате одличен залет во однос на работата, продолжете така.

Љубов – Создавате лоша слика за себе кога имате една Шкорпија во близина.

Здравје – Стрес.

Девица

Работа  – Денес ќе започнете одличен работен ангажман. Имате доволно трпение и не сакате да се занимавате со непотребни проблеми.

Љубов – Се зголемува  тензијата меѓу вас и партнерот. Сакате да донесете голема одлука.

Здравје – Не е лошо.

Вага

Работа – Покажувате голема доза на позитивна енергија и не сакате да се занимавате со мислењето на другите.

Љубов – Седнете и разговарајте и не го игнорирајте тоа што го има саканата личност да ви го каже.

Здравје – Без поголеми тегоби.

Шкорпија

Работа – Немањето почит од страна на колегите е нешто што многу ви пречи.

Љубов – Можно е да се јават проблеми,  но како и секогаш ќе имате свои изговори.

Здравје – Подобрете го имунитетот.

Стрелец                 

Работа – Работите може да се искомплицираат, но за вас важно е да останете смирени и отворени кон нови можности.

Љубов – Сте имале и полоши денови, но ова не е по вина на партнерот. Пробајте отворено да се поставите.

Здравје – Солидно.

Јарец

Работа  –  Не сте свесни за своите потреби, колку што сте загрижени за сопствениот интегритет. Имате одредена доза на негативна енергија која им ја пренесувате и на другите.

Љубов –  Подолго време чувствувате тензија кон партнерот која нема да можете да ја надминете уште некое време.

Здравје – Издржливи сте.

Водолија

Работа   – Важно е да работите повеќе доколку сакате да го постигнете тоа што го размислувате одамна. Вие имате одлични идеи ама сте малку мрзливи.

Љубов –  Никој не ве поддржува во ставовите. Партнерот ви дава поддршка.

Здравје – Подобрете го имунитетот.

Риби

Работа – Трпеливи сте и вредни, но немате добар однос со колегите.

Љубов – Се соочувате со мали проблеми, кои можат да се решат со разговор. Партнерот ви е најдобар пријател.

Здравје – Внимавајте во сообраќајот.