сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Голем мeсечен хороскоп за Октомври – Многу пари за лавовите, биковите да бидат внимателни

Голем мeсечен хороскоп за Октомври – Многу пари за лавовите, биковите да бидат внимателни

ОВЕН (21.03 – 20.04)

Други луѓе и многу обврски поврзани со нив ве очекуваат во текот на овој месец. Оние со деца, ќе се занимаваат со нивните потреби. За останатите со знак или подзнак во Овен, ова е месец на љубов и романтични, ама и конкретни љубовни настани. Посебно во деновите околу 10 октомври, како и на 24 и/или 25 октомври. Ќе се појават и некои непредвидливи ситуации, а поврзани со учење или странство. Ќе вложувате дополнителна енергија на тоа поле, за да расчистите некакви лаги или недоразбирања, загубени документи, и слично.

БИК (21.04 – 21.05)

Активно ви е полето на партнерство и љубов, па искористете ги позитивните вибрации на ѕвездите. Сепак, внимателно во деновите околу 9 и 13 октомври, кога е можно некаква кавга која ќе искрсне од недоразбирање, или пак поради лага искажана без намера да навреди, и слично. Посебно убав ден ќе ви е 21 октомври, кога е можно да се случи некакво зацврстување на односите со партнерот/ партнерката. Во најмала рака, ако односот бил избувлив, ќе се среди. Крајот на месецот ќе ве дочека во зголемени обврски на работа или по дома.

БЛИЗНАЦИ (22.05 – 22.06)

На 13 октомври планетите може да донесат вложување на поголема енергија да ги задржите односите хармонични, или пак едноставно нервозни ситуации поради други луѓе. Се препорачува внимателност во сите контакти, бидејќи несакајќи ќе ги провоцирате другите на кавга, и посебно во деновите околу 13 и 22 октомври. Лесно до пари овој месец, или поинаку кажано – парите ќе ги заработите на пријатен начин, со работа која ќе ви претставува задоволство да ја завршите. Нагласени се и обврски по дома, посебно во првата половина од месецот.

РАК (22.06 – 22.07)

Пари, љубов, забава, контакти со многумина, за работа или за дружење – тоа ќе се клучните интереси за вас во текот на месец септември. Кон крајот на месецот ќе се чувствувате заморени од сите обврски, кои можно е дури и да се зголемат. Како и да е, ќе се чувствувате како притиснати или „заробени“ од сè она што треба да се стори во текот на денот, па ќе се обидете да избегате или да ги заборавите обврските преку зачестена комуникација со пријателите и роднините на некои весели теми.

ЛАВ (23.07 – 22.08)

Заработување или како да се дојде до поголема сума пари е вашиот интерес овој месец. На неколку наврати ќе добиете поголема или непланирана сума, можеби хонорар. Како и да е, некои трошоци, планирани или не, ќе ви однесат и добар дел од тие пари. Во деновите околу 13 октомври ве очекуваат некакви дополнителни обврски со деца: од трошење пари до разрешување на некакви недоразбирања. Крајот на месецот ќе ве дочека во движење, на пат, на улица, во зачестена комуникација, излегувања но не само заради забава, туку и заради завршување на потреби. Љубовта ви е стабилна во овој период.

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)

Планетите шетаат низ вашиот знак, и ќе направат неколку убави аспекти. Тоа за вас драги Девици значи исполнување, стабилизација, добри односи со околината и слично. Со парите ќе ви оди лесно, неколкупати ќе имате можност за дополнителна заработувачка, но ќе доживеете и спротивставување за некоја сума: некој ќе си го побара својот дел од сето тоа, посебно во деновите околу 9 и 13 октомври. За љубов, 10 октомври е ден кога ќе треба да се справите со некоја лага, или ќе решавате недоразбирање со партнерот/ партнерката.

ВАГА (23.09 – 22.10)

Од 2 до 27 октомври, ќе бидете позборлести од вообичаено. Сепак, внимавајте на договорите, преговорите или потпишувањата, бидејќи постои можност да не ви се познати сите детали. Во деновите околу 13 октомври, некој ќе ве повлече да донесете одлука или да преземете активност што не ви била планирана. Што се однесува до љубовниот живот, комуникацијата со партнерот ќе е поактивна, од било која причина. Можно е вашиот партнер/ партнерка да има потреба што треба да биде завршена со ваша помош, па време е да се вклучите.

ШКОРПИЈА (23.10 – 21.11)

Полека но сигурно фокусот на вашите мисли се префрла од работата на забави, дружења, пријатели и сè што е поврзано со големи здруженија. Ако барате работа, ќе најдете во голема или државна фирма, или пак во некакво здружение. Ако не барате работа, сепак може да се вклучите во активности во кои ќе сте потребни како дел од екипа. Од љубовните настани, можни се викенди крај вода, романтични вечери, или мешање на другарство и љубов. Како и да е, овој месец нема да бидете сами, ниту осамени.

СТРЕЛЕЦ (22.11 – 21.12)

Не откажувајте се месецов. Нека ве краси трпеливоста и позитивната мисла. Размислувајте брзо, но точно и успехот нема да изостане. Сепак, во октомври повеќе ќе сакате да се посветите на емоциите. И секако дека сакате, бидејќи ве очекува многу страст и љубов. Ако сте сами, статусот може многу бргу да се смени. Вие што веќе сте во заедница, можно е да се израдувате на вестите за проширување на семејството. Иако физичкиот нагон ќе биде доминантен, сепак тоа сосема ќе ви ја врати насмевката на лицето и вербата во живот

ЈАРЕЦ (22.12 – 20.01)

Она што стагнирало од август до сега, она за што не сте наоѓале доволно храброст или енергија да го завршите, а зависело од вас, сега ќе е време да го завршите. Овој пат ќе знаете како и што треба да се стори, ќе најдете и енергија, и време, и сè што треба за да ги истуркате работите кон позитивен исход. Туѓи пари ќе ви се на располагање, а тоа значи ќе наплатите заостанат долг, или ќе земете позајмица. Комуникација со некој во странство или преку интернет ќе ви донесе некакво олеснување, можеби и решение на некој ваш проблем.

ВОДОЛИЈА (21.01 – 19.02)

Нагласени ви се партнерските и пријателските односи, како и туѓи пари. Ќе добиете дополнителна сума пари, но ќе треба да се потрудите и сами да стигнете до неа. Посебно нагласени датуми за такво нешто се 18 и 25 октомври. Во контактот со пријателите ќе треба да покажете дипломатија, бидејќи ова ќе е период кога вашите пријатели ќе ви ги прераскажуваат своите нервозни ситуации. Ако можете да помогнете со совет, добро, но ако не можете со совет, не нудете пари за да се заврши нечија работа, бидејќи ќе останете без таа сума. Од партнерот/ партнерката ве очекува подарок, а може да е и во вид на платено патување.

РИБИ (20.02 – 20.03)

Месецот вклучете ги вашите одлични преговарачки способности, бидејќи ќе ви донесат успех. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети на професионален план и доколку барате нова работа. Со самото тоа и финансиите значително ќе ви се подобрат. А октомври убави денови носи и на љубовно поле. Несогласувањата од минатиот месец конечно ќе се решат, па ќе уживате во друштвото на партнерот.

Ако сте сами, тогаш ќе се забавувате речиси цел месец, ќе флертувате, од што ќе се изродат и неколку авантури. За сѐ што ве очекува месецов, ќе ве послужи и здравјето и може да се рече дека почнува новата страница од вашиот живот. А како шлаг на торта нека биде и некое ново парче.