четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Хороскопски парови кои никогаш не би требало да стапат во брак

Хороскопски парови кои никогаш не би требало да стапат во брак

Дали љубовната врска или бракот ќе успеат зависи од многу фактори. Но, астролозите сметаат дека клучен е хороскопскиот знак, па на некои парови од Зодијакот не им се препорачува брачен живот.

Според карактерот се спротивни, имаат различен поглед на животот, додека други едноставно не можат да функционираат заедно.

ОВЕН-РАК

Нивниот брак завршува со солзи. Иако на почеток нивниот брак изгледа ветувачки, Овенот брзо станува премногу доминантен за нежниот и љубезен Рак.

БИК-РИБИ

Овој брак може да трае околу шест месеци. Не делат исти соништа и амбиции и разделувањето е неизбежно. Бикот сака успешна кариера и мирен семеен живот, додека Рибите се со слободен дух и не сакаат да постапуваат според нечии очекувања.

БЛИЗНАЦИ-ЈАРЕЦ

Овој пар брзо ќе ги фрли бурмите бидејќи им недостасува меѓусебна комуникација, а не се подготвени на компромис. Близнаците сакаат се брзо да работат, без многу размислување, додека на логичниот Јарец му е потребна организација.

ЛАВ-ШКОРПИЈА

Комбинација која е вистински рецепт за развод. Двата знаци се силни личности и тешко може да се усогласат. Астролозите советуваат засекогаш да го одложат испраќањето на покани за свадба.

ДЕВИЦА-СТРЕЛЕЦ

Бракот меѓу овие знаци веројатно е еден од најслабите и најмалку просперитетни. Немаат многу заедничко и немаат разбирање на желбите на другиот партнер.

ВАГА-ВОДОЛИЈА

Нивната врска наликува на сон додека не стапат во брак. Како пријатели одлично функционираат, врската може да им биде добра, но кога работите ќе станат сериозни ништо нема да функционира.