Иако повеќето луѓе немаат непријатели, можеби на работа постои некое ривалство со колега или пак имате поранешен пријател кој сега не е баш пријателски настроен.
Во секој случај, важно е и двајцата да сте фер во односите. Но, тоа не е случај со припадниците на овие четири хороскопски знаци кои се многу непријатни кога се во непријателски однос со некого.
Рак
Лошо е ако се замерите со припадник на овој хороскопски знак. Раковите не можат да си помогнат кога станува збор за нивните промени во расположение. Ако мислат дека некој ги искористил бидејќи се чувствителни, ништо не може да го спречи нивниот бес.
Стрелец
Ако постои знак кој сака да се одмаздува, тоа е Стрелецот. Штом еднаш се замерите со него, животот ќе ви го направи пекол. Затоа, размислете добро пред да ги изнервирате за нешто, особено ако имате колега Стрелец. Тој може да ве засрами без око да му трепне.
Стрелците е тешко да ги прочитате, никогаш не може да процените дали планираат нешто за вас.
Близнаци
Иако на прв поглед изгледаат пријателски настроени кон вас, едвај чекаат да ви вратат и никогаш не забораваат ако сте ги измамиле за нешто.
Затоа, од нив очекувајте зајадливи збороци и непријатни погледи додека не направите нешто за пак да им станете мили.