сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Како хороскопските знаци се справуваат со љубомората?

Како хороскопските знаци се справуваат со љубомората?

Речиси секој од нас доживеал љубомора во една или друга фаза од врската. Љубомората е комплексна и вклучува различни емоции како страв од отфрлање, самосожалување и бес. Таа се случува кога луѓето во врска чувствуваат страв од губење на партнерот.

Ова се начините преку кои хороскопските знаци ја изразуваат љубомората.

Овен

Без оглед на тоа колку самоуверени изгледаат,тие често имаат скриена несигурност. Доколку сте во врска со овен, подгответе се да бидете во врска која ќе има многу различни чувства и моменти. Вистината е дека претставниците на овој знак уживаат во драмата.

Бик

Биковите се тврдоглави и не сакаат да ги покажуваат своите чувства на луѓето. Бидејќи се многу рационални, тие не стануваат љубоморни лесно. Доколку станат сомничави, ќе ги следат своите инстинкти и ќе бидат особено внимателни. Доколку станат сигурни во тоа дека нивниот партнер ги изневерува, навистина тивко ќе ја завршат врската, несакајќи да предизвикаат сцена.

Близнаци

За претставниците на овој знак да се биде верен е голем предизвик, но тоа не ги спречува да очекуваат дека нивниот партнер ќе ги изневери. Тие исто така не се плашат од тоа да признаат дека се љубоморни, очекувајќи дека ќе направите напор да ги разубедите во тоа.

Рак

Тие не се љубоморни често, бидејќи кога ќе се заљубат се целосно предадени во љубовта и го очекуваат истото и од нивната сакана личност. Доколку за некое чудо станат љубоморни ќе го кријат тоа во себе, анализирајќи што е тоа што го чувствуваат. Но, доколку ги убедите дека биле во право, тие нема да простат никогаш.

Лав

Без оглед на тоа што правите, не давајте повеќе внимание никому освен на лавовите. Речиси сè што ќе кажете и/или направите, може да ја предизвика нивната љубомора. Но, внимавајте – тие нема да го кријат тоа, бидејќи не веруваат во криење на чувствата.

Девица

Девиците сакаат да имаат контрола над своите емоции, но под тоа, тие се многу љубоморни. Доколку погледнете во нивните очи, ќе ги забележите нивните вистински чувства. Доколку станат сомничави, нема да ви се спротистават, туку ќе се обидат да ја испитаат ситуацијата, но никогаш веќе нема да ви веруваат на ист начин.

Вага

Претставниците на овој знак сакаат две работи : да бидат обожавани и да избегнат конфликт. За жал, често стануваат несигурни и на тој начин и многу љубоморни. Со оглед на тоа дека ќе направат сè што е потребно за да избегнат конфликти и евентуално лутење од партнерот, тие ќе ја кријат љубомората сè додека можат.

Скорпија

Скорпиите се најљубоморниот од сите знаци. Тие ќе бидат љубоморни на продавачот/продавачката која ќе се обрати на нивната сакана личност, на неговото/нејзиното друштво, а особено на нивните поранешни љубови. Но, за среќа тие можат да бидат многу продуктивни со својата љубомора и да ја насочат во креативни цели.

Стрелец

Претставниците на овој знак се ретко љубоморни, но дури и кога е тоа така, тие не сакаат да си го признаат себеси. Но, имаат многу голем проблем доколку забележат дека нивната сакана личност ќе се обиде да ги изневери и нема никогаш ниту да простат, ниту да го заборават тоа.

Јарец

Јарците се постојано љубоморни, но тие никогаш нема да зборуваат за тоа. Добрата страна е што овие епизоди не траат многу долго кај нив.

Водолија

Тие се непредвидливи и не ги покажуваат своите чувства лесно кон другите. Не стануваат љубоморни лесно, но дури и да се случи тоа, попрво би ја прекинале врската и би продолжиле понатаму, отколку да влезат во игра на криење и објаснување.

Риби

Тие се ретко љубоморни и многу лесно покажуваат емпатија кон другите личности. Нема да се налутат, ниту пак да влезат во кавги сè додека немаат вистински доказ за некаква ситуација. Но, внимавајте – тие бараат лојалност, посветеност и голема љубов.