четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Ќе имаат празен паричник и нервози, за овие хороскопски знаци мај ќе биде ПЕКОЛЕН месец

Ќе имаат празен паричник и нервози, за овие хороскопски знаци мај ќе биде ПЕКОЛЕН месец

Додека за некои знаци од Зодијакот мај ќе биде исклучително успешен на сите полиња, некои следниот месец ќе гледаат во празен паричник.

Астролг открива кои припадници на хороскопски знаци треба да очекуваат финансиска криза во следниот месец.

Еве за кои знаци се работи:

Шкорпија

Иако стојат цврсто на земја и не се склони кон ризични потфати, советот до Шкорпиите е да не заглавуваат во мај и да не трошат пари непотребно. Можни се неочекувани загуби, неочекувани трошоци, затоа е најдобро да штедите и да бидете подготвени. Можно е следниот месец да ја промени кариерата. Совет е да се намалат трошоците.

Рак

Претставниците на овој знак имаат еден голем недостаток – сакаат премногу да трошат пари. За жал, во мај ќе треба да се соберат и да го ограничат купувањето на непотребни работи. Голема е веројатноста да имаат некакви дефекти во домаќинството, што дополнително ќе им ја „исцеди“ касата… Во никој случај не земајте кредит овој месец, ќе западнете во долгови од кои тешко ќе се извлечете.

Риба

Водните знаци на Зодијакот секогаш имаат две крајности – или ги трошат сите пари што им останале на страна или штедат до граница на инает, дури и таму каде што нема потреба. Советите на астролозите во мај е да не ја „таманат“ својата заштеда никако, како и да се грижат за домашните апарати, да не ги оставаат вклучени за да не изгорат.