Оние кои доминираат отсекогаш важеле за неодоливи, способни, згодни и заводливи. Дали и вие сте меѓу нив? Хороскопот ви открива, кои се 3 најдоминантни хороскопски знаци.
Кои 3 знаци важат за алфа мажи?
Овен
Првиот знак на Зодијакот спаѓа во најдоминантните. Ова е комплетно оформен маж со став. Амбицијата нема да му дозволи да стои на страна и само да набљудува. Тој мора секогаш да биде прв и не се откажува лесно од своите работни замисли, но истата доминација го краси и на емотивно поле. Соодветно на својот карактер, тој бира моќна партнерка со слични карактеристики.
Бик
Бикот е идеален партнер за жените кои сакаат да бидат потчинети, но сепак да се почитува нивната женственост и сензуалност. Никој не ги предвидува женските потреби подобро од Бикот. Во сексот се вложува максимално, а партнерката знае да ја усреќи на сите полиња. Покрај неговата самодоверба и упорност, секој човек може да се мотивира.
Лав
Со еден збор – крал! Не треба да повторуваме дека ова е доминантно суштество без конкуренција. Лавот бира задоволство на секое поле. Тој зазема главно место на сите позиции и случувања, па затоа очекува голема поддршка од партнерката. Не се задоволува со просек во ниту еден облик. Кај него важи правилото сè или ништо.
Кои 3 знаци важат за алфа жени?
Бик
Жената Бик е совршена. Покрај тоа што е снаодлива, таа знае како да го задоволи партнерот и да овозможи безгранична љубов. Нејзиниот дом е симбол за хармонија и топлина, а паралелно со тоа има неверојатен талент за бизнис. Со оглед на тоа што има фобија од сиромаштија, таа на секој можен начин заработува пари. За незините фантастични облини нема потреба да зборуваме. Ова е вистинска моќна жена.
Вага
Таа е убавица, најубава од сите знаци во хороскопот. Неа штом ја видите се и простувате. Не може да се пофали дека е домаќинка, но затоа се добива на карта на убавина. Има дамски манири и изгледа како божица која се симнала помеѓу „обичните“ жени. За неа не постои врата која не е отворена. Иако не звучи праведно кон другите, таков е животот за Вагите.
Лав
Исто како и кај мажите, така е и кај жените – Лавицата е лавица во буквална смисла на зборот. Нејзината појава фасцинира, знае да ја наметне својата волја и за себе го бира само совршеното. Кралица е на добриот вкус, а дури и кога нешто прави погрешно, ќе најде начин како да ве убеди дека тоа е правилното.