понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Најбогатите луѓе во светот се родени во овие хороскопски знаци

Најбогатите луѓе во светот се родени во овие хороскопски знаци

Ако некогаш сте се запрашале дали успехот може да се запише во ѕвездите, одговорот е да.

Aмерикански сајт направил истражување за да открие во кои хороскопски знаци се родени најбогатите луѓе на светот. Овие три знаци се на врвот на скалата:

Лав

Меѓу 100-те милијардери на листата на „Форбс“, дури 14 луѓе се родени во знакот на Лав. Лавовите се сметаат за многу способни и смели луѓе кои, доколку во нешто гледаат реален потенцијал, се осмелуваат да ризикуваат, што обично ги води до високи позиции и значителни цифри на сметката.

Вага

На истата листа, 11 лица се родени во знакот Вага. Иако првенствено се стремат кон рамнотежа во животот, Вагите се подготвени да жртвуваат одреден сегмент од животот и да се посветат на работата за да си обезбедат повеќе од светла иднина за себе и за своето семејство.

Водолија

Водолиите се исклучително амбициозни и оптимистични луѓе. Понекогаш знаат да избрзат и силно да се „изгорат“, но нивната самодоверба и желбата за успех често ги водат до натпросечен живот. Инаку, исто така 11 Водолии се на листата на „Форбс“.